Кристијано Роналдо се појави во јавноста со најновото Ferrari Daytona SP3 вреден 2,3 милиони евра, додавајќи го во својата импресивна колекција на суперавтомобили.
За време на репрезентативната пауза, Роналдо пристигна на собирот со ново Ferrari во кое беше фотографиран пред хотелот „Four Seasons“, пред да им се придружи на соиграчите.
Видеото е објавено на Instagram, а новиот автомобил на Роналдо очекувано привлече големо внимание и многумина во коментарите го опишаа како „вселенски брод“, а објавата ѝ се допадна и на неговата девојка Георгина.
Ferrari Daytona SP3 има 840 коњски сили со максимална брзина од 340 км/ч. Автомобилот исто така може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,85 секунди, а новиот модел го има најмоќниот мотор со внатрешно согорување од било кое Ferrari.
Португалскиот ас во својата гаража може да се пофали со супермодели како Ferrari, Lamborghini, Mercedes и Bugatti, што е сон на сите вљубеници во автомобили.
Но, синоќа тој немаше причина да биде задоволен со оглед на тоа што неговата репрезентација неочекувано загуби на гостувањето кај Словенија со 2:0 со головите на Адам Гнезда Черин во 72. и на Тими Макс Елшник во 80-тата минута. Роналдо го одигра целиот натпревар.