АРАПСКИ КУП НА ШАМПИОНИ 2023

Роналдо се прекрсти славејќи гол и предизвика бројни реакции во Саудиска Арабија

Ал Наср за прв пат во историјата стигна до финалето на Арапскиот куп на шампиони, а прославата на Роналдо по голот што ги однесе таму предизвика многу полемики во муслиманската Саудиска Арабија.

Ал Наср во полуфиналето го победи ирачкиот Ал-Шорта со 1:0, а Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол на натпреварот и тоа од пенал во 75. минута.

Португалецот го прослави голот со својот заштитен знак „Сиуууу!“, но пред да го направи својот познат спин во воздух се прекрсти, што вообичаено не го прави.

URL

Неговиот потег предизвика бројни реакции во Саудиска Арабија, земја во која исламот е доминантна религија. Иако услловно Ирачаните беа домаќини, натпреварот се играше во градот Абха во Саудиска Арабија. Целата нокаут фаза се игра во оваа земја.

Додека едни веруваат дека Роналдо го направил тоа затоа што многу се грижи за голот што го постигнал, и дека на овој начин му се заблагодарил на Бога, други сметаат дека тоа е чиста провокација, со оглед на тоа што никогаш досега не се прекрстувал пред „Сиуууу!“ прославите, а трети дека го направил тоа за да ја тестира толеранцијата на Саудијците.

Ова не е првпат Роналдо да прави потези што предизвикуваат многу контроверзии во јавноста. Во март се фати за меѓуножјето откако беше навредуван од трибините, а само еден месец подоцна се поклони додека славеше гол.

Арапскиот куп на шампиони е натпреварување кое постои од 1981 година и е наменето за клубови од државите од арапскиот свет, членки на УАФА (Унија на арапски фудбалски асоцијации) каде членуваат земји од Азија и Африка. Најтрофејни се ирачкиот Ал-Рашид и тунискиот Есперанс со по 3 титули, но клубовите од Саудиска Арабија имаат најмногу титули - 8, а со оглед на тоиа што годинава финалето е помеѓу клубови од оваа држава, ќе бидат 9. Бранител на тронот сезонава беше мароканскиот Раџа Казабланка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе