Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол

РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби

Последните денови од 2019 година постепено изминуваат. Новогодишната атмосфера постепено се издигнува на највисоко ниво, а предновогодишните прослави секојдневно се побројни и побројни.

Музика, веселба и малку алкохол за кревање на расположението е редовен декор и редовна содржина на менито на сите предновогодишни прослави.

Во овие денови на веселби и прослави, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите за штетното влијание на алкохолот на способноста за управување на моторно возило. Имено, секој возач треба да знае дека управување на моторно возило под дејство на алкохол е опасно и претставува закана за сопствениот живот, но и за животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот.

Истражувањата покажуваат дека способностите на возачите за безбедно учество во сообраќајот - идентификување на опасности и закани, предвидување на опасни ситуации, способност за расудување и донесување одлуки, вклучително и способност  за извршување на соодветни дејствија за избегнување на опасни ситуации во сообраќајот, значително се намалени кога возачот има консумирано алкохол.

Во споредба со возач кој нема консумирано алкохол, ризикот и веројатноста за предизвикување  на сообраќајна незгода се удвојува кај возач кај кој концентрација на алкохол во крвта е 0,5 промили, а е за осум пати поголема  кога концентрација на алкохол во крвта кај возачот е 1,1 промил. 

Затоа, РСБСП укажува дека секој возач треба да биде свесен дека дури и една чаша алкохол ги намалува психофизичките способности за безбедно учество во сообраќајот.

Околу една четвртина од сообраќајните незгоди со жртви и тешки повреди се поврзани со влијанието на алкохолот. Алкохолот ги намалува возачките вештини, ги нарушува моторните способности, ја намалува визуелната острина, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот. Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа значително  ја нарушува способноста за навремена реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација.

Алкохолот едноставно ве прави невешти, неспособни, но агресивни во сообраќајот.

Според истражувањата, возач додека управува возило, 70 проценти од движењата ги врши рефлексно, а одлуките ги носи спонтано на основа на запазување и регистрирање на ситуации. Затоа, никогаш немојте да консумирате  алкохол кога управувате со возило или доколку веќе консумирате алкохол, немојте да управувате возило. Најлошо е да консумирате алкохол и да возите  и да тврдите дека не сте во пијана состојба. Вие можеби во еден дел сте свесни за својот памет меѓутоа не сте свесни дека рефлексите ви се намалени.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта, изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-‘нула’. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра и забрана за управување возило до 12 месеци.

Токму затоа РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби. Уживајте во убавата атмосфера и не дозволувајте момент на слабост, еуфорија и невнимание да ве понесе и да направите грешка која може да биде фатална. Затоа не консумирајте алкохол доколку возете или не возете доколку консумирате алкохол. Алкохолот и брзото возење носат смрт и црнила на патиштата!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Автомобили

Кои бои на автомобили бea актуелни во 2021 годинa?

Read more

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Read more

Погледнете како изгледа батеријата на електричниот Hyundai Ioniq 5

Read more

Сцени од снимањето на новиот Џејмс Бонд: Во главната улога најбрзиот Land Rover

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе