Русија и САД објавија податоци за нуклеарното оружје: Што поседуваат двете светски сили?

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави податоци за бројот на нуклеарни боеви глави и друго тешко оружје што го поседуваат Русија и САД, а сето тоа е во согласност со правилата и обврските кои произлегуваат од договорот START.

Во септември 2022 година, Соединетите Американски Држави и Русија, наводно, размениле информации за стратешко офанзивно оружје, вклучително и информации за тешки бомбардери, интерконтинентални балистички ракети и балистички ракети лансирани од подморници.

Според податоците објавени на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Русија, оваа земја располага со 540 интерконтинентални балистички ракети, балистички ракети лансирани од подморница и тешки бомбардери.

Од друга страна, податоците покажуваат дека САД имаат 659 ракети кои спаѓаат во овие категории.

Кога станува збор за боеви глави распоредени на интерконтинентални балистички ракети, ракети лансирани од подморници и нуклеарни боеви глави распоредени во авиони, Русија има 1.549 такви боеви глави, додека САД имаат 1.420.

Конечно, како дел од договорот, страните исто така беа обврзани да објават податоци за нераспоредени фрлачи на интерконтинентални балистички ракети, нераспоредени ракетни фрлачи на подморници и нераспоредени тешки бомбардери. Во овој сегмент Русија има 759 вакви фрлачи, додека САД пријавиле 800.

Инаку, новиот договор START стапи на сила на 5 февруари 2021 година, а страните се договорија договорот да трае до 4 февруари 2026 година.

За време на склучувањето на договорот, Соединетите Американски Држави и Русија се обврзаа да го ограничат бројот на нуклеарно оружје на 700 распоредени интерконтинентални и други ракети, 1.550 нуклеарни боеви глави распоредени на интерконтинентални и други ракети и 800 нераспоредени фрлачи и тешки бомбардери.

Од 2011 година, Русија и САД извршиле вкупно 18 инспекции на нуклеарно оружје како дел од договорот и размениле 24.672 известувања.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе