Русија ќе испрати ново летало Soyuz да ги земе астронаутите од Меѓународната вселенска станица

Од руското вселенско летало Soyuz, кое е прикачено на Меѓународната вселенска станица (МВС), почна да истекува течност за ладење минатиот месец, покренувајќи прашања за тоа дали е безбедно за астронаутите да се вратат на Земјата со него.

Сепак, вселенските агенции Роскосмос и НАСА сега имаат решение.

Ќе биде испратено заменско летало за да ги собере американскиот астронаут Френк Рубио и руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, а достапна опција е и капсулата Crew Dragon од SpaceX.

Роскосмос планира да испрати заменски вселенски брод Soyuz, означен како МС-23, на МВС, кој треба да биде лансиран на 20 февруари за да може екипажот да го искористи за да се врати на Земјата. Оваа мисија требаше да се изврши во март за да се испрати нов екипаж, но сепак леталото ќе биде лансирано порано и без екипаж.

НАСА го нарекува новиот Soyuz „заменско вселенско летало“, а не „спасувачко“ и нагласува дека екипажот на МВС е целосно безбеден.

Истекувањето на течноста за ладење од Soyuz додека е закачен на МВС беше фотографирано со камера на роботската рака на станицата, а видливи се оштетувања на ладилникот на Soyuz, како и на цевката за снабдување со течноста за ладење. Доколку на леталото би снемало течност за ладење, враќањето на Земјата би било опасно бидејќи температурата достигнува високи нивоа за време на патувањето до дома.

Кога новиот Soyuz ќе пристигне на МВС, астронаутите ќе ја преместат опремата од старото вселенско летало. После тоа, тие ќе го започнат своето патување кон Земјата. Исто така, стариот Soyuz ќе биде вратен дома, но без екипаж, а потоа темелно ќе се прегледа за да се утврди штетата и нејзините ефекти врз перформансите.

Вториот план вклучува употреба на вселенското летало Crew Dragon. НАСА е во контакт со SpaceX, но ова сценарио е помалку веројатно.

Што се однесува до причината за оштетувањето на Soyuz, истрагата покажа дека не станува збор за технолошки проблем или грешка при производството. Сепак, ова не е првпат Soyuz да има проблем со истекување, бидејќи истото се случи во 2018 година. Во тоа време, Роскосмос тврдеше дека се работи за саботажа, а не за производствен дефект.

Многумина веруваа дека вистинската причина за штетата е всушност удар на микрометеороиди, особено затоа што се случил за време на метеорскиот дожд Геминиди кога Земјата минувала низ полето со остатоци во својата орбита. Меѓутоа, во овој случај, Роскосмос ја отфрла таквата можност бидејќи штетата е на различна локација во однос на насоката на метеорскиот дожд.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе