Русија почна со распределување тактички бродови со нуклеарно оружје во Балтичкото Море за прв пат во последните 30 години, соопшти Норвешката разузнавачка служба во својот годишен извештај.
„Клучниот дел од нуклеарниот потенцијал се наоѓа на подморниците и бродовите на Северната флота“, се истакнува во извештајот на Норвешката разузнавачка служба.
Воените бродови во Северна флота редовно излегуваа на море со нуклеарно оружје за време на ерата на Студената војна, но ова е првпат модерната руска федерација да го стори истото, се додава во извештајот.
Иако Русија исто така има и подморници, противсателитско оружје и кибернетички способности што би можеле да го загрозат НАТО, тактичкото нуклеарно оружје е „особено сериозна закана во неколку оперативни сценарија во кои може да бидат вклучени земји од НАТО“, се додава во извештајот.
Норвешката разузнавачка служба исто така истакна дека не може да се исклучи ескалација на локализираната војна во поширок конфликт кој би ги вклучил САД, НАТО и Норвешка.
Агенцијата оцени дека Русија ќе продолжи да го одржува, модернизира и развива својот нуклеарен арсенал, но во наредните години не се очекуваат значителни промени во руската нуклеарна доктрина.