Русите кои се спротивставуваат на војната скапо го плаќаат тоа

Од почетокот на руската инвазија на Украина, 31-годишната учителка Анастасија од уралскиот град Перм закачува белешки со пораки на влезот од нејзината станбена зграда. Последната гласи: „Не верувајте во пропагандата на телевизија, читајте независни медиуми“. Вчерашната белешка која виси на влезот гласи: „Насилството и смртта нè следат со месеци, чувајте се.“

Борба со белешки

Анастасија, која не сака нејзиното презиме да се појави во западните медиуми, смета дека нашла начин да допре до своите сограѓани. „Не сум во можност да направам нешто големо и јавно. Само сакам луѓето да почнат да размислуваат со своја глава и затоа се трудам да влијаам на мојата околина“, вели оваа млада учителка, пренесува Deutsche Welle.

Таа е една од оние граѓани на Русија кои и покрај притисокот од Кремљ, сакаат да го кренат својот глас против војната. Веднаш по почетокот на војната на крајот на февруари, неколкуте антивоени протести беа брзо задушени од властите. Наскоро беа донесени закони со кои се казнува споменување на војната. Наместо тоа, мора да се користи терминот „специјална воена операција“. И секоја јавна изјава за злосторствата на руските војници е казнива.

Веднаш по 24 февруари Анастасија мислела дека сега мора што поскоро да ја напушти земјата. Но, набрзо се предомислила: „Зошто да бегам? Ова е мојата земја. Веднаш ми стана јасно дека морам да направам нешто овде“, вели Анастасија.

Да се остане надвор од опсегот на радарот

Слично на неа размислува и уметникот Сергеј Бешов, кој протестираше среде Москва уште пред руската инвазија. Тој уште во 2020 година протестираше против уставните промени кои му дадоа на Владимир Путин уште поголеми овластувања со транспарент на кој пишуваше „Против“. По почетокот на инвазијата на Украина, Бешов го започна проектот Партизан Прес, при што печатеше антивоени постери.

Во меѓувреме, по неколку посети на полицијата, тој почна да печати плакати со понеутрални пораки како: „Стравот не е изговор за пасивност“. Бесов смета дека во моментов е многу тешко да се манифестира отпор во Русија. „Луѓето се прогонувани за секакви работи, но некако успеваме да останеме надвор опсегот на радарот“, вели Бешов.

Иста казна за налепница како за убиство

Но неговата колешка Саша Скочиленко не успеа да побегне од радарот. Оваа 31-годишна уметница и музичарка од Санкт Петербург се соочува со сериозна казна само затоа што ги заменила налепниците на цените во една продавница со неколку антивоени налепници. На една налепница пишуваше: „Руската армија бомбардираше уметничко училиште во Мариупол каде 400 луѓе побараа заштита“.

Сега се соочува со десет години затвор за „ширење лажни информации за руската армија“. „Бевме шокирани кога го прочитавме обвинението. Дури и за убиство можно е да се добие помала казна“, заклучува нејзината партнерка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе