САД отвори истрага за мистериозното понирање на Боингот кој за малку ќе паднеше во океан

Американските безбедносни службеници потврдија дека ќе истражат зошто авионот Boeing 777-200 наеднаш изгубил висина и за малку ќе завршел во Пацификот.

Летот 1722 на United Airlines тргнал од островот Мауи на Хаваите на 18 декември и ја зголемувал висината сѐ додека ненадејно паднал 425 метри. Авионот Boeing 777-200 се стабилизирал на висина од само 263 метри и на крајот безбедно слетал во Сан Франциско 27 минути порано. Овој случај е само еден во низата опасни случаи годинава во кои се вклучени авиони.

Летот бил сосема нормален 71 секунда по полетувањето од аеродромот „Кахулуи“ кога ненадејно изгубил висина, според податоците достапни на веб-страницата Flightradar24.

Националната управа за безбедност во транспортот (НТСБ), која ги истражува несреќите на американските авиони, ќе подготви извештај за инцидентот во рок од три недели.

„Луѓето врескаа во авионот, сите знаеја дека нешто необично се случува, или барем дека тоа не е нормално“, изјави за CNN Род Вилијамс, патник во споменатиот авион.

Тој верува дека авионот го делеле само 5 секунди од пад во океанот.

Пилотите на летот 1722 по слетувањето напишале интерес извештај за безбедност, потврди претставник на United Airlines за BBC News. Станува збор за пилоти кои заедно имаат 25.000 часови лет.

Истрагата на компанијата резултираше со дополнителна обука на пилоти, која е во тек.

Федералната управа за воздухопловство (ФАА) исто така добила извештај за инцидентот и презела „соодветна акција“.

Неодамна во САД беа пријавени голем број потенцијално опасни инциденти со авиони, вклучително и случаи во Њујорк и Тексас.

На 4 февруари, товарен авион на FedEx го прекина слетувањето за да избегне судир со авион на Southwest Airlines на меѓународниот аеродром „Остин-Бергстром“ во Тексас. Во јануари, на њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ авион на компанијата Delta Airlines беше сопрен на пистата при полетувањето за да избегне судир со авион на American Airlines.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе