Сезоната во НБА е при крај, а битката за плеј-офот во Западната конференција е повозбудлива од било кога.

Дури девет екипи се борат за позициите во плеј-офот и плеј-инот, а секој кикс скапо се плаќа. Четвртопласираниот Феникс Санс, кој е на позиција која води во плеј-офот, има 41 победа, додека 12-топласираната Јута Џез има 36 победи.
За потсетување, во плеј-офот одат екипите од 1 до 6 место, додека од 7 до 10 место преку плеј-ин се борат за последните две места во плеј-офот.
Портланд Треил Блејзерс загуби со 40 разлика на домашен терен од Сакраменто Кингс (80:120). Со оваа победа Кингс конечно по 17 години пауза обезбедија плеј-оф. Моментално се трети на Западот со 46 победи и 30 порази. Последен пат беа во плеј-оф во 2006 година кога во осминафиналето беа елиминирани од Сан Антонио Спарс со 4:2.
Лос Анџелес Лејкерс победи на гостувањето кај Чикаго Булс со 121:110 и моментално има позиција која ги води во плеј-ин.
Колку на Леброн Џејмс му значи влезот во плеј-офот говори и тоа што игра и покрај повредата, а против Булс постигна 25 поени со 7 скока. Одличен беше и Ентони Дејвис со 38 поени и 10 скока.
За разлика од Леброн, Лука Дончиќ е сѐ подалеку од плеј-офот. Неговиот Далас загуби на гостувањето кај Филаделфија 76ерс со 116:108 и сега е на 11-тото место.
Откако Кајри Ирвинг дојде во Далас, тој тим загуби помалку и од сигурен учесник во плеј-офот премина во позиција френетично да се бори за плеј-ин.
Дончиќ против Филаделфија имаше 24 поени, 10 скока и 8 асистенции, а Ирвинг 23 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Резултати:
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 136:149
Бруклин Нетс - Хјустон Рокитс 123:114
Њујорк Никс - Мајами Хит 101:92
Филаделфија 76ерс - Далас Маверикс 116:108
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс 110:121
Мемфис Гризлис - Лос Анџелес Клиперс 132:141
Оклахома Сити Тандер - Детроит Пистонс 107:106
Сан Антонио Спарс - Јута Џез 117:128
Феникс Санс - Минесота Тимбервулвс 107:100
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс 80:120
Табела: