Саркози втор ден на испитување

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, веќе втор ден е на испитување во полицијата поради тврдења дека неговата кампања во 2007 година ја финансирал Гадафи.

Саркози утрово излегол од својата куќа во Париз заедно со адвокатот, со кој потоа отишол во канцеларијата  на судските истражувачи, каде било извршено испитувањето.

Саркози вчера наутро беше приведен на разговор во полицијата, поради истрага во врска со финансиски нерегуларности во текот на неговата изборна кампања во 2007 година.

Истрагата се води поради сомненија дека Саркози незаконски примил повеќе милиони евра од некогашниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Саркози и неговиот поранешен член на персоналот негираат дека направиле нешто погрешно во овој случај, кој вклучувал наводни криминални дејствија при финансирањето на неговата победа на претседателските избори во 2007 година.

Истражувачите испитуваат дали режимот на Гадафи тајно му дал на Саркози вкупно 50 милиони евра за кампањата од 2007 година, што би било значително над легалната граница за финансирање на кампања, која во тоа време изнесувала 21 милион евра.

Покрај тоа, наводното плаќање на кампањата на Саркози ги прекршило и француските прописи, според кои се забранува финансирање од страна и се бара објавување на изворот на средства за водење на кампања.

Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе