Саудијците повторно импресионираат: Пустинско патување со луксузен воз вреден 53 милиони долари

Железници на Саудиска Арабија (САР) е државна компанија која има за цел да го направи патувањето во пустината многу погламурозно.

Компанијата неодамна потпиша договор со италијанската компанија Arsenale за луксузно патување со воз вреден 53,33 милиони долари. Саудиска Арабија широко ги отвори вратите за туристите, сакајќи да има што повеќе туристи.

Многу инвестираше и ќе инвестира во туризмот, а само една од инвестициите е дури 500 милијарди долари - колку што ќе се потроши за изградба на пустински град на северозападот од земјата.

Патување со луксузен воз

Како што најавија саудиските државни медиуми, луксузниот воз треба да започне со работа на крајот на 2025 година. Возот наречен „Пустински сон“ ќе сообраќа од главниот град Ријад до Ал Курајат, град кој се наоѓа на северот на земјата, на границата со Јордан.

Ќе се движи низ земјата, по траса долга 1.300 километри, низ пустинските региони. Дизајнот на возот е инспириран од саудискиот стил и традиција, ќе има 40 луксузни кабини, а неговото производство е во тек. Резервациите за патувањата треба да се отворат на крајот на оваа година.

Паоло Барлета, извршен директор на компанијата Arsenale, изјави дека ќе може да се резервира патување за една или максимум две ноќевања и дека капацитетот ќе биде 82 патника.

„Производството на 'Пустинскиот сон' неодамна започна во Италија и едвај чекаме да започне да сообраќа нашиот прв воз во наредните години“, изјави Барлета.

Позелен избор

Одлуката на Саудиска Арабија да влезе на пазарот на луксузни возови доаѓа во услови на зголемена побарувачка за брзи и луксузни возови низ светот. Голем број земји инвестираат милиони, па дури и милијарди, во нова инфраструктура поради побарувачката за еколошки поодржлив начин на патувања.

На пример, американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе се инвестираат 30 милијарди долари во железницата низ Соединетите Американски Држави. Франција планира да инвестира 106 милијарди долари во железницата до 2040 година.

Саудискиот „Пустински сон“ треба да биде пуштен во сообраќај една година по возот „Orient Express - La Dolce Vita“, кој е резултат на соработката меѓу Arsenale и Accor. Станува збор за воз со 11 вагони чиј дизајн е инспириран од периодот на „La Dolce Vita“ од 60-тите. Ќе има неверојатно луксузен ентериер составен од 12 луксузни кабини, 18 апартмани и ресторан. Овој воз беше претставен во 2021 година и ќе сообраќа од Лондон до Венеција.

„Патувањето со воз претставува позелен транспортен избор, подобрувајќи ги патувањата до поголемите градови, како и до помалите градови со атрактивни локации и пејзажи“, истакна извршниот директор на италијанската железничка компанија Trenitalia, Луиџи Коради.

Веста за „Пустинскиот сон“ доаѓа шест години по воспоставувањето на брз воз што ги поврзува градовите Мека и Медина со меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда.

Инвестиции во инфраструктурата

Железничката мрежа треба да се протега низ државата, а по неа ќе се движат возови, со брзина до 300 километри на час. Министерот за инвестиции на Саудиска Арабија, Халид Ал Фалих, најави изградба на 8.000 километри железница на почетокот на 2022 година. Оваа инвестиција е дел од напорите на оваа земја да ја диверзифицира својата економија, односно нафтата повеќе да не биде единствениот извор на приход.

Саудиска Арабија планира да инвестира повеќе од 800 милијарди долари во следните 10 години, а за да ја постигне целта до 2030 година да привлече 70 милиони туристи од целиот свет. Меѓу овие инвестиции е и футуристичкиот град НЕОМ како целосно нова туристичка дестинација покрај брегот на Црвеното Море. Овој град се гради во пустината на северозападот на земјата. Последните податоци покажуваат дека претходните инвестиции се исплателе.

Според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), бројот на странски туристи во Саудиска Арабија минатата година бил за 56% поголем отколку во 2019 година, годината пред почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Саудиската железничка компанија вети дека целосно ќе се посвети на владината програма позната како „Саудиска визија 2030“, која подразбира економска диверзификација на земјата во следните десет години. Една од главните цели е развојот на туризмот и културата.

Извршниот директор на Железници на Саудиска Арабија, Халед Ал Малик, верува дека „Пустинскиот сон“ ќе значи многу за компанијата што ја води. „Пустинскиот сон“ ќе биде доволно импресивен за да се натпреварува со споменатиот „Orient Express - La Dolce Vita“ или јапонскиот воз „Seven Stars Kyushu“, пишува CNN.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе