Португалскиот фудбалер Жота доживеа голема непријатност во својот нов клуб Ал Итихад од Саудиска Арабија.
Богатите саудиски клубови направија невидена бркотница на трансфер пазарот летово бидејќи нудејќи големи суми привлекоа куп звучни имиња од Европа.
Така, во Ал Итихад пристигнаа Карим Бенбзема, Н'Голо Кантé, Фабињу и гореспомнатиот Жота (со вистинско име Жуау Педру Невеш Филипе), кој доживеа голема непријатност.
Тој во Ал Итихад дојде од шкотски Селтик за 30 милиони евра, а само месец дена подоцна се наоѓа на излезна врата од клубот кој сака да се ослободи од него поради големиот број на странци во соблекувалната.
Досега одигра 6 натпревари и воглавно влегуваше од клупата за резерви, а во последно време го нема во составот, па многумина веруваа дека има некоја повреда.
Сепак, излезе дека кллубот се обидува да го избрка соопштувајќи му дека направиле грешка, дека повеќе не им е потребен и дека сакаат да си оди за да ослободи место за друг странски играч во тимот.
Имено, Ал Итихад очигледно сака да донесе ново звучно засилување од Европа, па се обидуваат да ослободат место поради што се подготвени и да му платат отштета на Жота само за да си замине.