Савичевиќ: Не ја бранам Русија, но мене ми украдоа три турнири

Прославениот фудбалер и актуелен претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, ги коментираше санкциите против рускиот спорт поради новонастанатата ситуација.

Савичевиќ истакна дека најмногу страдаат руските спортисти, иако не се виновни за ништо, а потсети и на санкциите кон Југославија кога ѝ беше одземено учеството на Европското првенство во 1992 година.

Наместо Југославија, Данска отиде на континенталниот шампионат во Шведска и успеа дури и да стане европски првак откако во финалето ја совлада Германија.

„Спортистите не се виновни. Југославија го доживеа истото во 1992 година“, рече Савичевиќ, а пренесува подгорички Dan.

Тој додаде дека не ја брани Русија и одлуката на Владимир Путин за воен напад на Украина.

„Јас не го бранам Путин, но на своја кожа доживеав исклучување поради политички избор. Играњето натпревари е секогаш порака за мир. Руските фудбалери немаат никаква врска со одлуката на Путин, исто како што ние немавме со војната во Југославија пред 30 години. Гледан обновување на истата ситуација која од 1992 година постепено ја доживуваа младите луѓе кои добро ги познававте во Италија: Михајловиќ, Југовиќ, Мирковиќ, Ковачевиќ, Мијатовиќ, Саво Милошевиќ. Покрај мене. Како фудбалер изгубив три голреми натпреварувања: ЕУРО 1992 и 1996, како и Светското првенството во 1994. Без причина освен поради политиката, која нема никаква врска со спортот“, рече Савичевиќ.

Тогаш Југославија заврши прва во квалификациската група за ЕУРО 1992, пред Данска која подоцна го зеде нејзиното место на завршницата. Југословенската репрезентација веќе беше на подготовки во Шведска кога на неколку дека пред почетокот на првенството стигна одлуката за суспензија, по што фудбалерите разочарани се вратија дома. Дел од тимот беше и нашиот Илија Најдоски, додека Дарко Панчев претходно изјави дека нема да игра поради лични причини.

Последната репрезентација на Југославија: Савичевиќ е прв од лево во горниот ред.

„Веќе бевме во кампот каде што се подготвувавме за Европското првенство. Се сеќавам дека на 1 јуни стигна факс дека ни се воведени санкции. Не би сакал никој да го почувствува тоа. И покрај политиката, останавме во одлични односи. Звонимир Бобан, кој е Хрват, сè уште ми е еден од најдобрите пријатели, а во нашиот тим имавме Босанци, Црногорци, Срби, Македонци... Се квалификувавме на ЕУРО кое подоцна го освои Данска, која беше втора во нашата квалификациска група.. Затоа мислам дека требаше да им се дозволи на Русите да играат на неутрален терен“.

„Статутот на ФИФА и УЕФА е јасен по ова прашање. Фудбалот и политиката мора јасно да се разделат. Повторувам, чувствувам голема тага и болка кон Украина, секоја војна е погрешна. Дефинитивно не го поддржувам Владимир Путин. Сепак, ги прочитав изјавите на мојот полски колега и не се согласувам со него. Фудбалот и квалификациите не смеат да се користат за политички цели“, смета Дејан.

Поранешниот офанзивец не се согласува со одлуката на ФИФА за исфрлање на Русија од сите тековни натпреварувања. Руската репрезентација е во игра за пласман на Мундијалот во Катар, требаше да игра во баражите кон крајот на месецов, но со одлуката на ФИФА таа е исфрлена.

„Мислам дека требаше да си остане на сила одлуката руската репрезентација да игра на неутрален терен, без знаме и без интонирање на химната. Спортистите не треба да ја сносат вината за сè што се случува, треба да им се дозволи да се натпреваруваат. Ја повторувам приказната од свој агол, од нешто што го почувствував на своја кожа. И после толку години раните од ваквата одлука сѐ уште се чувствуваат. Јас и моите соиграчи тогаш почувствувавме неправда и тоа не треба да се повтори“, заврши тој.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе