Се укинуваат ковид сертификатите за влез во трговските центри и за излез од државата

Владата, на вчерашната седница, ги прифати новите препораки на Комисијата за заразни болести.

Укинување на мерката за задолжително поседување COVID-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, сертификатот за прележан COVID-19 наместо 45 да трае 180 дена и укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, беа предлозите на Главниот координативен кризен штаб за справување со последиците од КОВИД-19 кои дојдоа како препораки на Комисијата за заразни болести, а Владата ги прифати.

Согласно предлозите, Владата донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување COVID-19 сертификат за влез во трговски центри/молови, за кои останува како задолжително носењето заштитни маски, додека обврска за задолжително поседување на COVID-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти каде што се служи храна/пијалак, кои се во состав на трговски центри/молови, соопшти владината прес- служба.

Владата го прифати и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од COVID-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно шест месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука за укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Со оваа одлука е прифатена и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да се укине барањето за задолжителен COVID-19 сертификат за излез од територијата на Република Северна Македонија.

Во меѓувреме, продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државата чиј број, според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје, изнесува 2.248, од кои најголем број 1.291 се во Скопје.

Во неделниот извештај на Институтот за периодот од 28 февруари до 6 март минатата недела се регистрирани за една третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од КОВИД-19.

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни ковид случаи, што е за 32,3 отсто помалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4 отсто до 18,4 отсто, просечно 14 отсто. Тестирани се 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години (n=705, 28,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=103; 4,1 отсто).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најзабележително од 46,9 отсто кај децата на возраст до девет години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5 отсто во однос на претходната седмица.

Пријавени се 44  смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3 отсто помалку во однос на претходните седум дена. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5 отсто) од починатите се над 60 години.

Хоспитализирани се 216 лица (35,9 отсто помалку во споредба со претходна недела), од нив 150 се на кислородна поддршка (41,2 отсто помалку во споредба со претходна недела), а 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (11,1 отсто помалку во споредба со претходна недела).

Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе