„The Secret Life of Pets 2“ доби нов трејлер
Териерот Макс се бори со драстични промени во неговиот живот. Неговата сопственичка е сега веќе омажена и има дете. Макс е многу опседнат со желбата да го заштити детето и покажува нервозни однесувања.
Посетата на фарма и нетолерантните крави, непријателските лисици и морничавите мисирки само ќе ја влошат неговата состојба. За среќа тука е кучето Рустер (Харисон Форд го позајмува гласот) кој ќе го научи Макс како да се бори со нервозата и да се опушти со детето.
Кевин Харт, Тифани Хадиш, Харисон Форд, Пејтон Освалт, Џени Слејт се дел од актерите кои ги позајмуваат гласовите во вториот дел на The Secret Life of Pets. Премиерата е закажана за 7 јуни.