Сексот со Трамп беа најлошите 90 секунди во мојот живот, тврди порно ѕвездата Сторми

Сторми Даниелс, ѕвезда од индустријата за филмови за возрасни, тврди дека имала секс со Доналд Трамп за време на бракот со Меланија.

Мајкл Коен, адвокат и соработник на Трамп, бил човекот кој договорил Сторми и Доналд да се сретнат.

На подкастот Mea Culpa, Даниелс тврди дека уште на првиот состанок, веднаш го видела Доналд Трамп како лежи на работ на креветот, сосема гол. Таа откри и дека состанокот бил договорен на добротворен голф натпревар.

„Едноставно се здрвив и не знаев што да кажам. Тој ја соблече долната облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: 'Ова е твојата шанса. Треба да ми покажеш колку го сакаш ова или сакаш да се вратиш на животот во камп-приколка?'“, раскажа Даниелс и додаде дека тогаш имала сексуални односи со Трамп.

„Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот“, додаде таа.

Сторми понатаму објасни дека сè било согласно и дека немало никакво вознемирување или злоупотреба.

Поранешниот американски претседател ја запознал Даниелс на натпревар за голф неколку години откако се ожени со Меланија, која му е трета сопруга.

Порно ѕвездата тврди дека се запознале порано и дека секој однос им бил „генерички“.

Човекот кој ги запознал, Мајкл Коен, беше во затвор за проневера на 130.000 американски долари за време на претседателската кампања во 2016 година. Даниелс рече дека Коен ѝ се извинил за непотребната непријатност со Трамп.

Како што рече на подкастот, сексуалната врска меѓу неа и Трамп се случила неколку месеци откако Меланија го родила синот Барон, кој сега има 14 години.

Кога приказните за неверствата на Трамп првпат се појавија на почетокот на 2018 година, американските таблоиди напишаа дека Меланија тогаш привремено се преселила во хотел со цел да се дистанцира од Доналд.

Поранешниот американски претседател ја негираше оваа приказна, како и аферата со плејбој моделот Карен Мекдугал.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе