УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Селекторот за ЛН жрепката: Нѐ очекуваат сериозни натпревари

Благоја Милевски го сподели своето мислење за денешната жрепка за новата сезона од Лигата на нации која македонската фудбалска репрезентација ја смести во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Фото: ФФМ

„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари“, вели селекторот Милевски, пренесува ФФМ.

Грузијците сигурно ќе бидат и тоа како накострешени да ни се одмаздат за елиминацијата во баражот за пласман на ЕУРО 2020. Политичките проблеми со соседна Бугарија ќе му дадат дополнителен шмек на нашиот дуел со оваа репрезентација, додека малиот Гибралтар секогаш цели кон изненадување и откинување бодови од поквалитетни репрезентации.

„Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против европскиот првак Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лигата на нации кога се соочивме во иста група“, коментира Милевски.

„Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап“.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе