Село гори, баба се чешла: Владата ќе троши 50 милиони евра за повисоки плати во министерствата

Политичката партија Левица преку социјалните медиуми се огласи по повод новиот предлог - Закон за административни службеници, во кој „Владата на СДСМ и ДУИ предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат“.

Оттаму нагласуваат дека покачувањето ќе биде за околу 170 евра нето плата по вработен.

„Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра годишно во буџетот, за исплата на повисоки нето плати, придонеси и данок на личен доход.

Наместо рационализација на трошоците во време на криза, анти-социјалната влада дополнително го оптоварува државниот буџет, каде јавниот долг ја надмина критичната линија од 60% од БДП“, велат од Левица и додаваат дека „наместо соодветни редистрибутивни мерки од најбогатиот слој кон загрозените групи граѓани, оваа криминална Влада без визија, стратегија и компетентност единствено нуди изговори за 'увезена криза', додека секојдневно ги зголемува непродуктивните трошења за лукративни цели.“

Средствата кои треба да се обезбедат ќе паднат на товар на осиромашениот работник и со тоа Владата, место да воведе антикризни мерки, ќе ја продлабочи економската криза, која веќе е излезена од контрола, алармираат од Левица.

ВЛАДАТА ВО КРИЗА ЌЕ ТРОШИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО МИНИСТЕРСТВАТА ❗Со новиот предлог - Закон...

Posted by Левица on Tuesday, September 27, 2022
Тагови
реклама

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе