Сеул: Северна Кореја се подготвува за седмо нуклеарно тестирање

Северна Кореја се подготвува за седмо нуклеарно тестирање, изјави денеска неименуван висок јужнокорејски претставник.

Според него, Пјонгјанг пред нуклеарната проба би можел да тестира балистички проектили.

И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки синоќа изјави дека процените на САД се дека Пјонгјанг е подготвен да изврши нуклеарна проба и тоа уште овој месец, и оти таквата информација е споделена со сојузниците и партнерите на САД.

Последното, шесто по ред, тестирање на нуклеарна боева глава Северна Кореја го изврши во септември 2017 година.

Севернокорејската армија оваа година изврши неколку ракетни тестирања, меѓу кои и на балистичка ракета со голем дострел.

Токио и Сеул вчера соопштија дека Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел кон морето. Ракетите се истрелани откако севернокорејските власти соопштија дека е регистриран прв случај на COVID-19 од почетокот на пандемијата. Истиот тип на ракета беше истрелан претходно неделава, за време на инаугурацијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јол.

Со Резолуција на ОН на Пјонгјанг му се забранети тестирања на балистички ракети способни да носат нуклеарни боеви глави, а се воведени и санкции кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе