Северна Кореја ги пријави првите смртни случаи од корона: Вирусот се шири експлозивно

Б.С.Б.
/ 13.05.2022 / 08:52

Северна Кореја соопшти за првите смртни случаи од COVID-19, еден ден откако за првпат пријави присуство на коронавирусот во земјата, скоро две и пол години по почетокот на пандемијата.

Државната новинска агенција КЦНА извести за 6 смртни случаи од последици на болеста, а вирусот SARS-CoV-2 се шири многу брзо во земјата. Еден од починатите бил позитивен на омикрон варијаната.

Агенцијата соопшти дека повеќе од 350.000 луѓе за краток временски период пријавиле зголемена телесна температура, додавајќи дека најмалку 162.200 од нив сега се целосно излечени. Според нив, причината за вирусот „не може да се идентификува“, но и дека „експлозивно се шири низ земјата“.

Не е јасно колку луѓе се заразени со коронавирусот.

Набљудувачите сметаат дека бројките говорат за потенцијални размери на епидемија на вирусот во земјата. Експертите долго време предупредуваа дека Северна Кореја ќе има тешкотии со соочување со голема епидемија поради несоодветниот здравствен систем.

Ким Џон Ун нареди локдаун во целата земја, градовите мора да бидат затворени. Нејасно е како луѓето ќе се снабдуваат со основни продукти бидејќи им е наредено да останат дома.

Според податоците на ОН, околу 26 милиони луѓе во Северна Кореја се недохранети.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Свет

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Read more

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Read more

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more
 

Вести

Фрагментирана интроспекција – изложба на скулптури на Слободан Милошевски во Неготино

Читај повеќе
  • filter

Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Читај повеќе

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

Читај повеќе

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Читај повеќе

ДИК за денешното прегласување: Се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности

Читај повеќе

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе