Северна Кореја нападна американски хакер, па тој им го исклучи интернетот

Американски хакер познат под псевдонимот P4x ја презеде одговорноста за исклучување на интернетот во цела Северна Кореја.

Иако Северна Кореја е отприлика колку американската сојузна држава Мисисипи, таа има само неколку десетици веб-страници задолжени за дистрибуција на државна пропаганда до меѓународната публика.

Со години во улога на активисти се хакерите кои обично се поврзуваат со лоши работи на интернет, а во последно време откриваат вистини и факти, па дури и се обидуваат да спречат групирање на армијата во близина на границите во време на ескалација на тензиите. Сепак, причините поради кои хакерот P4x ја удри Северна Кореја се лични.

Во јануари 2021 година P4x добил фајл од друг хакер кој тврдел дека тоа е алатка за помош во неговите проекти, но 24 часа подоцна P4x објави на својот блог соопштувајќи дека севернокорејски хакери ги напаѓаат американските безбедносни истражители. Фајлот кој му бил испратен му овозможувал да ја преземе контролата над својот компјутер. За среќа, P4x ја отворил датотеката на виртуелна машина и на тој начин го заштитил својот компјутерски систем од експлоатација, но било јасно дека е нападнат од Северна Кореја.

Американскиот хакер ги контактирал ФБИ барајќи детали за нападот и направената штета, но не му била понудена заштита од слични напади во иднина. Откако и по година дена P4x не бил информиран за какви било мерки против севернокорејските хакери, па дури и за формално признавање на нападот од страна на САД, одлучил да ги преземе работите во свои раце.

P4x за Wired.com демонстрирал како пронашол голем број пропусти на софтверот што го користат севернокорејските системи, извршил напад и успешно ги хакирал веб-страниците на земјата и не дозволувал пристап до нив. Повеќето од неговите напади биле автоматизирани и му помогнале да открие повеќе слабости на системот за да може максимално да ги искористи.

Користењето на услугата Pingdom го потврди падот на поголемите рутери веднаш по нападот на американскиот хакер, кој исто така ги исклучи е-поштата и другите услуги базирани на интернет. P4x не сака јавно да ги открие ранливостите бидејќи на Северна Кореја би ѝ било полесно да ги отстрани.

Само мал дел од Северна Кореја може да пристапи на Интернет, додека најголемиот дел е ограничен на локалниот интернет. Затоа, јасно е дека нападите на американскиот хакер му зададоа главоболки на севернокорејскиот режим, од што тој е задоволен.

P4x има за цел да собере група хакери и да ги интензивира нападите врз Северна Кореја за да украде повеќе информации од нивните веб-страници.

реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Свет

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Read more

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Read more

Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе