Актерката Шерон Стоун призна дека позирала за Playboy за да напредува во кариерата.
Стоун позирала за списанието за да ја добие улогата во филмот „Basic Instinct“, филм со кој стекна голема слава и стана секс-симбол на Холивуд.
„Кога сфатив дека сакам да ја добијам улогата во овој филм, одлучив да позирам за Playboy“, рече актерката.
Се присети дека станала позната „преку ноќ“ по улогата во овој трилер од 1992 година.
„Сметав дека ја заслужувам таа улога, но не знаев дека ќе доживеам толкав успех“, нагласува Стоун.