Шест работи што не смеете да ги кажете на интервју за работа

Секоја мала работа што ќе ја кажете за време на интервју за работа може да биде клучна. Една реченица, една грешка е доволна за менаџерот за човечки ресурси да процени дека не сте вистинската личност за работата.

Понекогаш може да биде примамливо да дадете одговор што ви се чини исправен во тој момент, но кога ќе ја погледнете ситуацијата подоцна, сфаќате дека одговорот бил крајно лош и дека сте се претставиле како просечен или слаб кандидат.

Затоа е важно да однапред да се потсетите што во никој случај не треба да го кажувате кога ве интервјуираат за работно место.

Ова се шест работи што дефинитивно треба да ги избегнувате како одговор/прашање доколку сакате вашата понуда да биде прифатена, со совети и примери за тоа што би можеле да кажете наместо овие „забранети“ термини.

Јас сум мотивирана и самоиницијативна личност

Многу кандидати го даваат овој одговор за да ја истакнат професионалноста на прашањето кои карактеристики кај себе ги сметаат за значајни.

Но, тоа е многу претеран одговор. Ако одговорите на тој начин, најдобро сценарио е лицето што ве интервјуира да ве замоли детално да го објасните. Најлошото сценарио - и најверојатното сценарио - е само да преминете преку тоа што го кажавте, бидејќи личноста спротив вас го слушнала тоа толку многу пати што тешко може да ја импресионира.

Посоодветен одговор може да биде: „Не се плашам да преземам водство во проектите и можам да го сторам тоа со дадени одредени насоки“. Ова е проследено со пример за тоа како сте го сториле тоа успешно во минатото.

Се надевам дека ќе бидам на Вашата позиција за пет години

Немојте да мислите дека ќе му ласкате на својот потенцијален шеф со таков одговор. Веројатно ќе ве сметаат за мрзливи и непромислени. Дури и ако станува збор за личност на импресивна позиција во својата кариера, може да претпостави дека замислувате дека сте во нејзина позиција, но во друга компанија. Тоа пак, укажува на недоволна лојалност.

Наместо тоа, наведете потенцијални начини на кои можете да напредувате во рамките на новата компанија. Започнете со позицијата за која сте аплицирале и потенцирајте неколку клучни вештини потребни за работата и како можете да ги надградите.

Така ќе покажете дека не само што се грижите за напредување во кариерата, туку и дека сте посветени на развојот на компанијата на долг рок.

Не се согласував со мојот поранешен шеф

Никогаш, никогаш не кажувајте лоши работи за вашиот поранешен шеф, без оглед колку сте имале лоши искуства. Ако ве прашаат зошто сте ја напуштиле работата, во ред е да признаете дека не сте се чувствувале добро. Искреноста е вредна одлика, но внимавајте како ја презентирате и што зборувате.

Наместо тоа, можете да кажете дека сте сфатиле дека сакате да ја реализирате својата страст и да ја промените вашата кариера. Или дека барате нов предизвик. Добро е да споменете барем една работа што сте ја научиле од претходната работа, што може да ви помогне да успеете во улогата за која сте се пријавиле.

Ако сте добиле отказ, објаснете ја ситуацијата без да ја префрлате вината врз себе или да ги обвинувате другите. Зборувајте за она што сте можеле да го направите поинаку за да би бил исходот поинаков. Тоа покажува дека сте самосвесни и способни да учите и растете врз основа на негативните искуства.

Мојата најголема слабост е што сум перфекционист

Никој не е совршен, така што овој одговор е во основа друг начин да се каже: „Јас сум премногу слаб за да ги признаам своите слабости“.

Ова е прашање за однесувањето кое менаџерите го сфаќаат сериозно, затоа подгответе детален одговор.

Би било добро да побарате повратни информации од поранешните шефови и соработници на кои им верувате. Испратете им список со најважните вештини потребни за работата што ја сакате и замолете ги да ги рангираат од оние што ги сметаат за најизразени кај вас до оние во кои сте најслаби.

На крајот на краиштата, сѐ се сведува на искреност за вештините на кои треба да работите, давање неколку примери и потоа да разговарате за тоа како да ги поправите слабостите.

Можете ли да ми кажете малку повеќе за компанијата?

Дури и многу способни кандидати можат да излезат со различни верзии на ова прашање. На пример, „Кои се главните цели на вашата компанија?“ или „Што прави вашата компанија?“.

Менаџерот за човечки ресурси одвоил време да ја прочита вашата биографија и да дознае повеќе за вас, така што исто така се очекува и вие да ја подготвите и истражите компанијата за која сакате да работите. Во ред е да ги замолите да разјаснат специфични прашања, на пример „Кои се месечните цели на вашиот тим?“, Но, доаѓањето на интервју со (пре)малку информации за компанијата е навредливо и остава многу лош впечаток.

Кои придобивки им ги нудите на вработените?

Не е разумно да прифаќате каква било работа ако не знаете какви придобивки имаат вработените. Но, не е паметно дури и да се споменат придобивките во раната фаза од разговорот. Остава лош впечаток и работодавачот ќе се сомнева во вашата искреност и намери.

Запомнете, во првите неколку круга од интервјуто важно е да останете во трка за посакуваната позиција. Значи, темите како придобивките за вработените се ирелевантни сè додека не се пласирате во финалето.

БОНУС совет: Со оглед на тоа дека живееме во време на пандемија што не знаеме уште колку долго ќе трае, подгответе се и за онлајн интервју. Запознајте се добро со платформата на која потенцијалниот работодавец ќе ве покани, одберете добар агол во вашиот дом, со доволно светлина, добра звучна изолација и професионална позадина.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе