Шести пакет санкции на ЕУ против Русија, во Украина се интензивираат борбите

Европската Унија денес објави шести пакет санкции против Русија, чии сили напаѓаат цели во источна Украина и истрелуваат ракети кон фабрика за челик во Мариупол.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска нагласи дека ЕУ ќе воведе постепена забрана за руската нафта како одмазда за руската инвазија врз Украина.

„Ќе се погрижиме постепено да ја исфрлиме руската нафта на уреден начин“, рече фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент во Стразбур додека го презентираше шестиот пакет санкции против Москва.

Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе побара од 27-те земји-членки на блокот да и оневозможат на Сбербанк, најголемата руска банка, пристап до SWIFT, глобалниот банкарски комуникациски систем.

Европската Унија ќе таргетира уште три руски државни радиодифузери во новите санкции поради инвазијата на Украина

„Ги идентификувавме овие ТВ канали како гласноговорници, кои агресивно ги засилуваат лагите и пропагандата на Путин“, рече Фон дер Лајен пред Европскиот парламент.

Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми.

Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, ќерката и синот на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

И додека ЕУ со санкциите силно ја погодува Русија, евакуирани луѓе кои успеаја да го напуштат градот со помош на ОН и на Црвениот крст пристигнаа вчера во релативната безбедност на Запорожје, под контрола на Украина, откако со недели се криеја во големата фабрика за челик Азовстал.

Руските сили ги насочија јжестоките напади на источна и јужна Украина, откако не успеаја да го освојат Киев, главниот град, во првите недели од војната. Но, вчера имаше и нови напади на запад. Градоначалникот на Лавов изјави дека ракетните напади ја оштетиле електричната и водоводната мрежа во градот во близина на полската граница, преку која се доставуваат западните залихи оружје за украинската армија.

Руските сили нападнаа и шест железнички станици во центарот и западниот дел на земјата, изјави директорот на Украинските железници Олександар Камишин. Нема повредени цивили, додаде тој на Твитер.

На исток, 21 цивил загинаа, а 27 беа повредени во руските напади во Доњецк, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

Нападите и гранатирањето се интензивираа и во Луганск, а најлошо е во Попасна, каде евакуацијата е исклучително тешка, изјави регионалниот гувернер Серхи Хајда.

Русија е насочена кон Мариупол, обидувајќи се да ја отсече Украина од Црното Море и да ја поврзе територијата контролирана од Русија на југ и исток. Делови од источните региони Доњецк и Луганск беа под контрола на сепаратистите поддржани од Русија пред претседателот Владимир Путин да ја започне инвазијата на 24 февруари.

Според градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, повеќе од 200 цивили останале во фабриката за челик, а во градот има 100.000 од 400.000 пред војната.

Санкциите на ЕУ вклучуваат забрана за обезбедување услуги на руски компании на лобисти, сметководители, консултанти и спин доктори од Европа.

Зборувајќи за санкционирањето на одговорните за злосторствата во Буча и нехуманата опсада на Мариупол, фон дер Лајен вели дека ова испраќа сигнал до сите сторители дека ќе одговараат за своите постапки.

„Знаеме кои сте и ќе одговарате“, рече таа.

Претседателот на Комисијата вели дека украинската борба против руските агресори потврдува две фундаментални идеи, првата е дека самите Украинци се господари на нивната иднина, а втората е дека се зема предвид меѓународното право, а не законот на сила.

„Путин мора да плати висока цена за својата брутална агресија. Иднината на Европската унија се пишува и во Украина“, рече фон дер Лајен.

Претседателката на Комисијата предложи да се започне со работа на амбициозен пакет за закрепнување на Украина по војната. БДП на Украина се очекува да падне меѓу 30 и 50 проценти само оваа година. Според ММФ, почнувајќи од овој месец, на Украина ќе и требаат 5 милијарди евра секој месец за државата да функционира, да плаќа пензии, плати, да дава основни услуги.

„Мораме да ги поддржиме, но не можеме сами. Ја поздравувам најавата за голема буџетска поддршка од САД, а и ние во Европа ќе го направиме нашиот дел“, рече Фон дер Лајен.

Голем пакет за повоена реконструкција Украина ќе бара големи инвестиции. Целта е да се решат постојните слабости на украинската економија и да се постават темелите за одржлив, долгорочен раст, да се помогне во борбата против корупцијата, да се усогласат со европските стандарди и радикално да се зголеми производствениот капацитет на Украина.

„Ова ќе донесе стабилност и безбедност потребни за да се направи Украина атрактивна дестинација за странски директни инвестиции и на крајот да го отвори патот за иднината на Украина во Европската унија“, заклучи Фон дер Лајен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе