Шокантна понуда од Њукасл: 135 милиони евра за Имобиле

Саудискиот газда на Њукасл веднаш по преземањето на клубот за прва трансфер цел го има голгетерот на Лацио и тоа со понуда која не се одбива.

Доколку сѐ мине во најдобар ред и Јасир Ал-Румајан преку саудискиот Јавен инвестициски фонд стане нов газда на Њукасл, тогаш главната трансфер цел на клубот ќе биде најдобриот голгетер во италијанската Серија А, Чиро Имобиле.

Во дресот на римски Лацио 30-годишниот Чиро растура последниве четири сезони постигнувајќи вкупно 116 голови во сите натпреварувања. Сезонава со 27 гола е најдобар стрелец во Серија А и тешко веројатно дека до крајот некој ќе го престигне.

Лацио во јануари одби 60 милиони евра од кинескиот клуб Далијан Про, а во преговори е со играчот за потпишување на нов договор со кој Имобиле би се обврзал на верност до 2025 година.

Сепак, примамливата понуда со амбициозниот проект на премиерлигашот може да го привлече Имобиле да се проба и на Островот откако имаше неуспешни авантури во Бундеслигата и во Ла Лига настапувајќи во боите на Борусија Дортмунд и Севиља.

Според шпекулациите кои доаѓаат од Англија, Имобиле на „Сент Џејмс Парк“ би заработувал 8 милиони евра по сезона со 5-годишен договор, пренесува La Gazzetta dello Sport.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе