Температурите растат, а вие мислите само на некој ладен пијалак што ќе ве освежи. Ќе се изненадите што му прави тоа на вашето тело.

Нутриционистката Наташа Ѓуќиќ истакнува дека топлата вода е подобра за рехидратација на организмот, додека ладната вода го поттикнува варењето.
Сигурно многу пати сте слушнале дека е многу важно да се внесува вода, но дали знаете зошто е тоа така?
Некои од најважните причини за редовно пиење вода:
- помага за оптимална функција на мозокот,
- го одржува здрав кардиоваскуларниот систем,
- го подобрува здравјето на кожата.
Од една страна, многу се зборува за тоа дека утрото треба да започне со чаша млака вода со лимон, меѓутоа, постои и другата страна - дека понекогаш е важно да се внесува и ладна вода.
Нутриционистката Ѓукиќ објасни повеќе за ова:
„Водата навистина е извор на животот и сите знаеме какво е чувството кога ќе ја задоволите жедта со една чаша од оваа скапоцена течност“, вели нутриционистката. Открива кога треба да пиете ладна, а кога топла вода:
„Топлата вода го рехидратира и лади телото. Го забрзува метаболизмот и согорува 70 калории повеќе дневно. Ладната вода го стимулира варењето. Помага при главоболки и воспаленија. Може да помогне при запек и да ја подобри циркулацијата на крвта“, вели таа.