Што не ни кажуваат за „имунитетот на стадо“?

Луѓето претежно ги слушаат оние кои им го кажуваат она што сакаат да го слушнат, па затоа не е изненадувачки што сега сите внимателно ја следат приказната за контроверзната стратегија за борба против коронавирусот - имунитет на стадо.

Имунитетот на стадо вклучува изложување на доволно голем број луѓе на вирус, кои ќе стекнат имунитет и то ќе го запре ширењето на вирусот, така што тој повеќе нема да има кого да зарази, а аргументите во прилог на овој концепт главно се темелат на напорите „оние со минимален ризик од смрт (ако се заразат) да продолжат да живеат нормален живот“.

Во САД сега има задкулисна кампања за спроведување на ваква стратегија за која се залага група истакнати научници, но според New York Times, тие сè уште се малцинство, бидејќи повеќето експерти за јавно здравје и членови на научната заедница ја оценуваат оваа стратегија како неизводлива и неетичка – дури до таа мера што би можека да доведе до „масовно убиство“, како што истакна неодамна професор од Харвард во интервју за CNN.

Потписниците на декларацијата „Грејт Барингтон“ што се залага за оваа контроверзна стратегија, се во право – рестрикциите наметнати за спречување на ширењето на вирусот имаа длабоки и тешки последици за економијата, како и во контекст на семејното насилство, употребата на недозволени супстанци и во доменот на нега на заболените од рак.

Затоа идејата за враќање во нормала - или нешто слично на нормалата - е многу примамлива. Сепак, губи голем дел од својата привлечност кога ќе погледнете подетално што подразбира декларацијата што се залага за овој пристап.

Прво, не ги споменува последиците што коронавирусот ги остава на пациентите со низок ризик, иако голем број на луѓе страшно полека се опоравуваат од инфекцијата. Покрај тоа, голем број од оние со благи или никакви симптоми завршуваат со последици врз белите дробови и срцето.

Второ, овој пристап не ги разгледува начините на кои најранливите можат да бидат заштитени. Лесно е да се држи дете подалеку од баба и дедо, ако не живее во ист град, но што ако сите живеат во иста куќа? Како да се заштити 25-годишно лице со дијабетес, или кое имало рак, кое треба да оди на работа секој ден?

И трето - и што е најважно: оваа декларација, како и секоја друга официјална и неофицијална кампања за спроведување стратегија за имунитет на стадо, не кажува колку луѓе би убила оваа стратегија. А би убила многу од нив.

Имунитетот на стадо се формира кога доволно луѓе во популацијата стануваат имуни на вирусот со претходно заразување, или преку вакцина, а најоптимистичните податоци велат дека тоа може да се случи кога околу 43 проценти од популацијата стекне имунитет.

Имунитетот на стадото не е опција: Последиците може да бидат ужасни

Со ова темпо, додека најмалку 43 проценти од населението во која било земја, не само од САД, се заразат, мртвите ќе се бројат во стотици илјади. Веројатно и во милиони.

Исто така има и секундарни жртви; сè уште е рано да се знае какво долгорочно влијание ќе има коронавирусот кај оние кои го прележале.

Поборниците за имунитетот на стадо се повикуваат на Шведска, која навистина го потресе светот со пристапот кон пандемијата. Шведските власти негираат активно спроведување на оваа стратегија, иако ги држат отворени стопанството и училиштата, ниту пак е задолжително да се носат заштитни маски, како што е случај во соседна Данска или во Норвешка.

Стапката на смртност во Шведска е петпати поголема отколку во Данска и 11 пати поголема отколку во Норвешка. New York Times посочува дека смртта, и покрај сè, не купи економски просперитет - шведскиот БДП забележа пад од 8,3 проценти во вториот квартал.

Ништо, се посочува, ниту антитела, ниту забрзано тестирање на антиген, ниту вакцина нема да биде „сребрениот куршум“ што ќе ја докрајчи короната, но сево ова ќе помогне да се заузда пандемијата и да им се помогне на стотици илјади луѓе кои би умреле додека да се стекне имунитетот на стадо да останат живи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе