Што сè може да направи новиот Cybertruck?

Илон Маск повторно направи чудо. Пристигна Cybertruck, покажа со што располага, а повеќето заборавија на ветувањата од 2019 година.

 

Што е добро?

Да почнеме прво со добрите работи. Cybertruck има огромни можности: тоа е возило кое може да повлече пет тони товар, да носи 1.134 кг, нуди опсег од 547 км и забрзува до 100 км/час за 2,7 секунди. За само 15 минути полнење добивате досег од 235 км, бидејќи се полни со моќност од 250 kW.

Секако, сè што е кажано важи за врвната изведба, т.н Cyberbeast. А Маск го претстави на најдобар можен начин - со трка за забрзување со Porsche 911. А во исто време адутот на Tesla влечеше приколка со уште една 911 внатре. Чиста петка за рекламата.

Возилото е навистина направено од нерѓосувачки челик, а се ветува целосна заштита од пешадиско оружје. Акустичните стакла се исто така непробојни, барем против удари од бејзбол топка и град од класа 4, според Tesla.

Cybertruck може да биде извор на електрична енергија за надворешни уреди, дури и за моќни на градилиштето. Авантуристите можат да земат дополнителна батерија во улога на продолжувач на опсегот, а постои и можност за возење низ водени пречки.

Маск оди чекор понатаму и вели дека неговиот Cybertruck е поригиден од McLaren P1 и дека е невозможно да се преврти на покрив.

Малку и за другата страна на приказната

На 1 декември 2019 година, Tesla го спомна истиот основен опсег од 400 км, но со различна цена. Почетната цена тогаш беше одредена на 39.900 долари, а денес е 60.990 долари. Добрата вест е што заедно со досегот беше потврдена и најавата за забрзување за околу 6,5 секунди до 100 км/час.

Верзијата AWD со два мотори и 600 КС требаше да чини 49.900 долари, но сега чини 79.990 долари. Досегот, сепак, скокна од 483 на 547 км, а забрзувањето е во најавената рамка од помалку од 4,5 секунди. Зголемена е и влечната сила.

И доаѓаме до верзијата со три мотори. Моќниот Cyberbeast со 845 КС требаше да чини 69.900 американски долари според најавата, но сега е 99.990 американски долари.

Најавени се повеќе од 6,35 тони влечна сила, но и досег од повеќе од 800 километри. Сега бројките се значително помали: 515 км досег и 4990 км влечна сила. Ветувањето за забрзување останува и дефинитивно е под 2,9 секунди (2,7 с).

Вкрстување помеѓу пикап и спортски автомобил

И можеби ова е најголемата тајна на овој модел. Маск го најави како вкрстување на моделот од филмот Blade Runner (1982) и моделот Wet Nellie од филмот The Spy Who Loved Me.

Remote video URL

Со маса од повеќе од три тони, Cybertruck е тешка класа.Но, во исто време, тој не е број 1 во споредба со класичните пикап камиони, ниту по носивост ниту по влечна сила. Дефинитивно не е број 1 во однос на карактеристиките неопходни за пикап камион, потврдува Motor1.

Поскап е, побрз и далеку поинтересен. Дали сето ова ќе биде доволно за Тесламанија да продолжи? Најверојатно ќе биде. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, можете да ги најдете на веб-страницата на Tesla.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе