Што сè претстави Apple на WWDC конференцијата?

Во Сан Франциско синоќа се одржа Apple WWDC конференцијата за развојни програмери на која компанијата претстави неколку иновации и производи, а пред се новите оперативни системи за iPhone/iPad, Mac, Apple Watch и Apple TV.

WWDC се одржува еднаш годишно и претставува настан на кој Apple своите нови хардверски и софтверски производи ги презентира на развојните програмери кои не се вработени во таа компанија, а кои работат на развој на апликации за нивните уреди.

Главната новина поврзани со оперативниот систем за компјутерите на Apple - OS X кој сега доби ново име macOS Sierra. Меѓу останатото системот доби нови можности како што се отклучувањето на компјутерот преку Apple Watch, поврзувањето со универзалниот клипборд, постоењето на оптимизирана меморија која ќе спречи преоптеретување на дискот, како и поврзување со Apple Pay.

Покрај тоа, Apple Siri сега ќе биде достапна и на Mac. Корисниците на Mac ќе можат преку Siri да навигираат низ своите фајлови, што претставува мала револуција во користењето на овој систем. Платформата MacOS Sierra ќе стане достапна во целосната верзија од есен.

Apple ја претстави и апликација Home која ги поврзува сите домашни уреди со iPhone како што е отворањето на гаражата, вклучувањето на светлото или пак вклучувањето на климата.

Компанијата од Купертино го најави и лансирањето на iOS 10, новиот мобилен оперативен систем, а првата интересна промена е можноста да се избришат некои од апликациите кои доаѓаат со телефонот, а голем дел од корисниците речиси воопшто не ги користат.

3D Touch сега може да се користи на нотификациите вклучувајќи и одговарање на пораките без да се отклучи смартфонот. Исто така од заклучениот екран ќе може директно да се пристапи кон камерата на iPhone.

Siri исто така е доработена и отворена за девелоперите, па сега има команди за активирање на апликациите. iOS 10 на своите корисници ќе им донесе и апликација за препознавање на лицата на фотографиите. Дел од другите новини новата апликација Home, гласовната пошта, новите опции во Messages, а апликацијата WhatsApp целосно е интегрирана во телефонот.

Што се однесува до iPad, iOS 10 ќе има можност за раздвојување на екранот на две отворени апликации истовремено, а оперативниот систем за девелоперите ќе биде достапен од денеска, додека за корисниците ќе биде на располагање од есен.

Новиот iOS нема да работи на iPad 2, iPad 3, iPad mini и iPhone 4S.

Првиот нов производ што го претстави Apple на почетокот на вечерта беше новиот оперативен систем за Apple Watch - WatchOS 3 кој ќе биде достапен на есен. Новата платформа работи побрзо, има нов начин на скролање, а ќе добие и Control Centar по примерот на iOS.

Веднаш потоа компанијата го претстави Apple tvOS 2 што на корисниците ќе им овозможи 1.600 телевизиски канали и 6.000 апликации, а носи и нова апликација за управување, гласовно менување на каналите и други интересни детали.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе