Швајцарија прави соларни електрани од старите сателитски антени

Две швајцарски компании ќе ги претворат застарените сателитски антени на Алпите во огромни соларни панели и на тој начин ќе ги искористат предностите на планинскиот терен за производство на зелена енергија.

Тоа е втора инсталација од ваков вид во градот Леук во кантонот Вале за претворање стара антена во електрана.

Сместени на планина, соларните панели ќе добиваат повеќе директна сончева светлина, особено во зимските месеци, отколку кога би биле инсталирани во близина на замаглени, пониски урбани области.

„Поранешните сателитски чинии се идеални како системи за соларна енергија“, изјави CKW Group, компанија за енергетски услуги, која соработува на овој проект со локалната компанија Leuk Teleport and Data Center, пренесува Reuters.

Во соопштението се наведува дека антените може флексибилно да се усогласат со сонцето и на тој начин да произведуваат повеќе електрична енергија од конвенционалните панели.

Една таква антена може да ги задоволи енергетските потреби на 25 домаќинства, објави CKW Group.

Антените покриени со соларни панели имаат пречник од 32 метра и се наоѓаат на околу 1.000 метри надморска височина, што им овозможува да примаат оптимално ниво на сончева светлина дури и во зима, пренесува BETA.

Во август минатата година швајцарската влада почна кампања за охрабрување на потрошувачите и компаниите да штедат енергија со цел да се спречи недостигот на гас и електрична енергија.

реклама

Вести

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Read more

Вселенскиот телескоп Webb сними аурори на Јупитер

Read more
 

Гик

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Читај повеќе

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Читај повеќе