Проблемот решен

Шведска одобри план за складирање нуклеарен отпад во наредните 100.000 години

Шведската влада одобри нов план за управување со нуклеарниот отпад и гориво, а кој подразбира изградба на систем за складирање на многу радиоактивно нуклеарно гориво на безбеден начин во наредните 100.000 години.

Планот на компанијата SKB е исклучително важен бидејќи нуклеарната енергија е моќна форма на енергија која овозможува производство на чиста енергија. Но, отпадот станува многу опасен, па токму затоа и нуклеарната енергија не е баш популарна.

Се проценува дека постојат околу 370.000 тони потрошено нуклеарно гориво во привремените складишта низ светот, а сега шведската влада одобри план со кој компанијата СБК може безбедно да чува радиоактивен отпад во следните 100.000 години.

„Ова е историска одлука која на компанијата и овозможува да го чува нуклеарниот отпад создаден од нашите генерации. Одлуката е дочекана со одобрување, сега имаме намера да ги имплементираме најголемиот шведски проект за заштита на животната средина“, изјави Јохан Дашт, директор на компанијата SKB.

Проектот на оваа компанија се развива веќе 40 години, а на него соработуваат експерти од универзитети, истражувачки институти и образовни институции од Шведска и светот. Проектот детално е анализиран од шведската агенција за безбедност и радијација, како и од судот за земјиште и средина, за да се гарантира безбедноста за човекот и неговото опкружување.

Новиот проект подразбира изградба на систем и отворање на 1.500 нови работни места. SKB сега го чека завршувањето на процесот на лиценцирање за да ги добие потребните дозволи.

По тој процес ќе бидат потребни 10 години за изградба на складиштето.

Иако Швеѓаните уште во 1980 година изгласаа напуштање на нуклеарната енергија, нивниот став очигледно е променет, па нуклеарната енергија се смета за клучен чекор во ставање крај на зависноста од фосилни горива.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе