УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2021/22

Силекс и Струга со реми стартуваа во новата Европа конференциска лига

Два од трите македонски претставници во новото натпреварување на УЕФА почнаа со идентичен нерешен резултат.

Од натпреварот во Латвија

Силекс на пеколното сонце на стадионот „Петар Милошевски“ во скопската населба Ново Лисиче го пречека молдавскиот претставник Петроклуб од градот Хинчести.

Кратовци, кои во Европа конференциската лига изборија пласман откако го освоија Купот на Македонија, а потоа испаднаа од 1.МФЛ, поведоа уште во 5. минута кога еден контра напад имаше одлична завршница откако Бојан Рајков му сервираше на Кристијан Додевски, а овој одлично ја смести топката зад грбот на гостинскиот голман Микаел Мејра.

Пред самиот крај на прво полувреме, длабоко во судиското надополнување по едно невнимание на домашната одбрана гостите од Молдавија го израмнија резултатот преку Серџу Платика.

До крајот немаше промени, па со резултат од 1:1 Силекс патува на реваншот во Молдавија закажан за наредниот четврток од 19:00 часот.

Струга гостуваше на Балтикот во латвискиот град Лиепаја кај истоимениот клуб. Домашните вп 31. минута поведоа преку Бразилецот Додо, а македонскиот клуб од пораз се спаси во третата минута од судиското надполнување благодарение на голот на Бесир Исени.

Реваншот помеѓу Струга и Лиепаја ќе се игра за точно седум дена на „Петар Милошевски“ во Скопје од 17:00 часот.

Вечерва од 20:00 часот и третиот македонски претставник, Шкупи, го игра својот натпревар притив косовски Љапи на „Тоше Проески“ националната арена во македонската престолнина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе