Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Мароко

Макфакс
/ 09.09.2023 / 09:16

Силен земјотрес го погоди Мароко доцна синоќа, во неколку марокански градови уништи згради и ги натера луѓето да ги напуштат своите домови, а според прелиминарните податоци на МВР загинале најмалку 296 лица, а 153 се повредени.

Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил со јачина од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.

URL

Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време. Регистриран е и последователен потрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала 19 минути подоцна.

URL

Локален функционер изјави дека најголем дел од смртните случаи се случиле во планинските области кои се тешко достапни. Локалните медиуми објавија дека патиштата што водат до планинскиот регион околу епицентарот на земјотресот се заглавени со возила и блокирани од урнати карпи, што ги забавува спасувачките напори.

URL

Жителите на Маракеш изјавија дека некои згради се урнале во стариот град – светското наследство на УНЕСКО, а локалната телевизија прикажа слики од срушеното минаре на џамијата со урнатини што лежат врз згмечените автомобили. Според државната телевизија قناة الأولى (Ал Аула), земјотресот оштетил делови од историските ѕидини на Маракеш од XII век.

URL

Монтасир Итри, жител на планинското село Асни во близина на епицентарот, рече дека повеќето од куќите таму се оштетени.

„Нашите соседи се под урнатините и луѓето напорно работат да ги спасат, користејќи ги расположливите ресурси во селото“, сведочеше тој.

URL

Министерството за внатрешни работи на Мароко денеска го повика населението да остане смирено и „да не паничи“.

URL

Земјотресот бил почувствуван дури и во Португалија и Алжир.

URL
URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе