Силвестер Сталоне во улога на детектив во новиот трејлер за „Backtrace“
„Италијанскиот пастув“ до ден денес остана еден од најпопуларните актери во Холивуд, а од година во година тој ја зголемува лепезата на ликови кои ги глуми. Во новиот филм „Backtrace“ тој глуми локален детектив кој е во потрага по ограбувач на банки.
„Backtrace“ е новото филмско остварување на режисерот Брајан А. Милер, а во главните улоги се појавуваат Силвестер Сталоне, Метју Модин и Рајан Гузман. Премиерата на филмот е закажана за 14 декември.