УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Симeоне објасни зошто „ја здувна“ наместо да се поздрави со Клоп

Веднаш по последниот свиреж на вчерашниот натпревар, Диего Симеоне трчаше кон тунелот без да му честита на својот колега за победата, а сето тоа убаво сите го видоа на директниот пренос.

Ливерпул синоќа оствари важна победа од 3:2 на гостувањето во Мадрид кај Атлетико, иако домашните успеаја да се вратат во игра по негативата од 0:2. Потоа од пенал Мохамед Салах го постигна победничкиот гол, а тимот на Симеоне беше и со играч помалку поради исклучувањето на Антоан Гризман поради груб фаул. Згора на тоа, имаше ситуација во која домаќините бараа пенал, но не им беше досуден.

Она што на сите им падна в очи беше реакцијата на предводникот на Атлетико, Диего Симеоне, кој по натпреварот наместо да се поздрави со својот колега Јирген Клоп, како што е традиција, веднаш почна да трча кон тунелот, а Германецот викаше по него.

„Не ни се допаѓа тоа, но да, ситуацијата е јасна. Сакав да се ракувам со него. Неговата реакција, како и мојата, не беше во ред, но двајцата бевме емотивни. Наредниот пат кога ќе се видиме дефинитивно ќе се поздравиме. Ништо страшно. Тој беше изнервиран, не поради мене, туку поради натпреварот. Нема ништо друго“, рече Клоп за постапката на Симеоне, а и за неговите викотници по него.

„Никогаш не се ракувам по натпреварите бидејќи не ми се допаѓа тоа. Не е здраво ниту за тој што победува, ниту за тој што губи. Јас така го гледам тоа. Но, сега кога ќе го видам ќе се поздравам со него без проблем“, објасни Симеоне кој отсекогаш важел за посебен карактер.

Шанса за ракување ќе имаат веќе наредното коло кога повторно се среќаваат нивните два тима, но овој пат во Ливерпул на 3 ноември.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе