Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Повеќето болки и непријатности што повремено се јавуваат најчесто не треба да бидат причина за голема загриженост, но ако станат хронични, тоа се симптоми кои не треба да ги игнорирате.

Ако ги забележите овие симптоми, задолжително отидете на лекар.

Слабост во рацете или нозете

Ако почувствувате слабост во екстремитетите, тоа може да биде симптом за мозочен удар, особено ако се јавува на едната страна од телото. Симптоми на мозочен удар исто така се губење рамнотежа, вртоглавица или отежнат од. Ако одеднаш забележите пречки во видот, имате силни главоболки или отежнат говор, веднаш побарајте лекарска помош.

Болка во градите

Ако почувствувате силна болка во гардите, веднаш побарајте лекарска помош. Особено ако болката се јави пропратена со засилено потење, чувство на притисок, кратко дишење или мачнини, тоа може да се симптоми на срцев удар или други кардиоваскуларни проблеми што никако не смеете да ги игнорирате.

Овие симптоми се алармантни ако се јават за време на вежбање или друга физичка активност. Ако ги забележите овие симптоми и болката во градите трае подолго од минута-две, или помине и повторно се јави за кратко време, веднаш побарајте помош од лекар.

Чувствителност или болка во задниот дел од нозете, особено листовите

Ваквите непријатности и болки може да бидат симптом на згрутчување на крвта во длабоките вени. Ваквиот вид на болка најчесто се јавува по долго седење, како на пример за време на долг прекуокеански лет, или кога поради болест сте врзани за кревет во подолг временски период.

Ако е во прашање згрутчување на крвта, болката во најголем број случаи ќе ја почувствувате ако подолго време стоите или одите, а може да забележите и отоци на нозете. Ако имате згрутчување на крвта, долниот дел на ногата обично е отечен, црвен и чувствителен на допир.

Крв во урина

Постојат неколку здравствени проблеми што се манифестираат со појава на крв во урината.

Ако чувствувате болка во долниот дел на грбот и забележите крв во урината, можно е да станува збор за камен или песок во бубрезите. Тоа се мали кристали што се формираат од минерали и соли што поминуваат низ уринарниот тракт.

Најчесто се прави ултразвук со кој се проверува состојбата на бубрезите. Песокот и камењата најчесто се исфрлаат со мокрење, што е прилично болно, но релативно безопасно. Но, ако каменот е поголем можеби ќе треба посериозна лекарска интервенција.

Ако имате зголемен нагон за мокрење, чувствувате непријатност и болка и забележите крв во урината, тоа се симптоми на сериозна уринарна инфекција или инфекција на бубрезите. Ако болката е пропратена со висока температура, не пробувајте да се лекувате сами туку побарајте лекарска помош бидејќи најверојатно ви се потребни антибиотици.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе