Синдикален протест точно напладне

Синдикатите и здруженијата што ги штитат работничките права денеска, на Први мај – Денот на трудот, во 12 часот најавија голем синдикален протест на кој ќе ги истакнат нивните барања кои треба итно да бидат прифатени од страна на надлежните власти.

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права до работничките, работниците и до сите граѓанки и граѓани на Република Македонија испратија и првомајски проглас во кој се вели дека нема демократија без социјална правда и економска рамноправност.

„Работничките права се подлога на сите други граѓански права, бидејќи 99 отсто од луѓето ја обезбедуваат својата елементарна егзистенција преку својот труд. Традицијата нè обврзува, но современата работничка стварност десеткратно повеќе нè притиска да излеземе на улиците на Меѓународниот ден на трудот. На 1 Мај огласуваме нова етапа во нашата синдикална борба, во која здружено мораме да се фатиме во костец со угнетувањето кое ни иде од различни страни. Мораме да го возвратиме ударот со подобра организација на нашите капацитети, појасна артикулација на нашите заложби и помудра стратегија за нивното постигнување“, се вели во прогласот.

Протестот ќе почне во 12 часот, пред зградата на Дом „Ибни Пајко“ кај Камениот мост.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе