Сладолед што не се топи
Овие сладоледи се подготвени за летото, а нивното откритие било сосема случајно. Истражувачкиот центар во Каназава, Јапонија открил дека десертот направен со екстракт од јагоди (полифенол) не дозволува маслото да се оддели од водата. Затоа, сладоледот со полифенол многу потешко ќе се стопи и подолго ќе ја одржи својата форма.