Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска вели дека сака да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател и бара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче.

„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазување на статутот ве известувам дека ja повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда“, пишува Петровска.

Во писмото наведува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, сепак таа не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.

„Вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со преставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со која треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите“, наведува Петровска.

Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски.

реклама

Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Read more

Зошто е добро да се јаде ист појадок секој ден?

Read more

Голем месечен хороскоп за јули 2024

Read more

Како содата бикарбона може да се користи за здравствени цели?

Read more

Македонија

Албански планинари го отстранија македонското знаме од Кораб и го закачија албанското 

Read more

Таравари не открива кој ќе биде нов директор на болницата „8-ми Септември“

Read more

Македонскиот амбасадор во Албанија на консултации со Муцунски по објавените податоци од пописот

Read more

Поскапуваат дел од горивата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Албански планинари го отстранија македонското знаме од Кораб и го закачија албанското 

Читај повеќе

37-годишен маж од Кочани осомничен за силување малолетничка

Читај повеќе

Таравари не открива кој ќе биде нов директор на болницата „8-ми Септември“

Читај повеќе

Македонскиот амбасадор во Албанија на консултации со Муцунски по објавените податоци од пописот

Читај повеќе

Книжевен разговор и читање на македонски поети на „Стих у регији“ во Хрватска

Читај повеќе

Поскапуваат дел од горивата

Читај повеќе

Дали ЕУ ќе игра како што ќе свири Виктор Орбан во наредните 6 месеци?

Читај повеќе

Мицкоски: Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање

Читај повеќе

Доларот ослабе, цената на нафтата расте

Читај повеќе