СЕРИЈА А 2020/21

Со новите два гола Ибра постави два рекорда

Голгетерот на Милан жари и пали сезонава на Чизмата, а со двата гола во мрежата на Наполи синоќа израмни еден рекорд и сруши друг во италијанскиот фудбал.

Златан Ибрахимовиќ синоќа му даде два гола на Наполи и беше главен виновник за победата на Милан од 3:1. Со тоа тој ја продолжи и голгетерската серија постигнувајќи барем по еден гол на секој натпревар во Серија А сезонава.

Remote video URL

Ибра е само четврти играч кој успеал да постигна гол на шест натпревари во низа на почетокот од сезоната. Во Серија А се играше 8. коло, но Ибра оправдано пропушти две кола откако беше позитивен на коронавирусот. Така, на сите натпревари на кои играше се запиша во листата на стрелци.

Останатите тројца на кои им успеал таков подвиг се: Габриел Батистута играјќи за Фиорентина во сезоната 1994/95, Кристијан Виери играјќи за Интер во 2003/03 и Криштоф Пјонтек играјќи за Џеноа во 2018/19.

Воедно, тој постави и друг рекорд - за најстар играч кој постигнал 10 голови во првите 8 кола во Серија А. Досега тој рекорд го држеше легендарниот Силвио Пиола кој во сезоната 1942/43 го постави на 29-годишна возраст. Швеѓанецот тоа го направи на 39 години, рекорд кој тешко дека некој ќе успее да го сруши.

Статистиката на Ибра сезонава во Серија А:
1. коло: 2 гола против Болоња
2. коло: не играше против Кротоне поради COVID-19
3. коло: не играше против Специја поради COVID-19
4. коло: 2 гола против Интер
5. коло: 2 гола против Рома
6. коло: 1 гол против Удинезе
7. коло: 1 гол против Верона
8. коло: 2 гола против Наполи

Ако вака продолжи, ќе пишуваме за уште срушени рекорди од забрефтаниот Швеѓанец.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе