Солун и Серес во целосен карантин, отворени ќе бидат само училиштата

Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена СМС порака, полициски час од 21 до 5 часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите мерки ќе бидат во сила следните две седмици, а денеска ги соопшти владиниот портпарол Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, кој рече дека ситуацијата во Солун и во одредени други региони, е „особено сериозна за јавното здравје“.

Пецас објасни дека сегашниот „локален локдаун“ се разликува од општиот карантин пролетта по тоа што сите училишта ќе бидат отворени, додека, пак, сѐ друго ќе се затвори, вклучително и црквите.

– Исто како и во периодот на општиот локдаун, така и во случајот на локален локдаун повторно се враќа потребата за испраќање СМС порака за сите движења. За периодот од 21 часот навечер до 5 часот наутро следниот ден, дозволени се движења само од професионални и здравствени причини. Во овој контекст, од утре се забранети домашните и меѓународните летови за неесенцијални потреби од и кон аеродромот „Македонија“ во Солун, објасни портпаролот на грчката Влада.

Пецас истакна дека Солун и Серес, треба да бидат пример за сите за почитување на мерките, особено за регионите што се во црвената зона.

Во однос на тоа колку Атика, поширокиот регион на Атина, е блиску до целосен карантин, Пецас објасни дека иако постои постепено зголемување на случаите, сепак ситуацијата не е како во Солун и Серес и изрази надеж дека нема да биде потребно и во други области да се воведе локален локдаун.

За само два дена, односно во текот на викендот, во Солун беа регистрирани 1.288 случаи од вкупно 3.734 во цела Грција.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас утрово беше во Солун, од каде што порача дека на грчкиот премиер ќе му препорача да се преземат дополнителни мерки. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе