СОНК бара усогласување на платите, од ставот на своето членство ќе одлучува за следните чекори

Скопје, 17 март 2022 (МИА) – Без резултати се преговорите со Владата за усогласување на платите на вработените во градинките и во образованието со зголемената минимална плата во државава и со колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. В сабота ќе заседава Советот на СОНК и ќе бидат донесени заклучоци за идни чекори врз основа на пораките и очекувањата на членството на СОНК, кое е револтирано, рече претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.

Тој денеска на прес-конференција информираше дека имале средби со ресорните министри во МОН и МТСП и преговорите ги продолжиле во Владата, но нема конкретен одговор на побарувањето на СОНК ниту понуда на процент на усогласување односно зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. Според него, најголемиот законски прекршок е во дејноста детска заштита каде што десет различни работни позиции, согласно колективниот договор, се поистоветуваат и ќе земаат иста плата, во основно образование се работи за пет, а во средното за четири работни позиции кои се со различни коефициенти  и различна сложеност на работни места, а ќе земаат иста плата.

Соопшти дека најдоцна до среда ќе се разговара и на Економско-социјален совет во Владата, под претседателство на премиерот, каде што и СОНК ќе биде поканет. Нагласи дека СОНК е конструктивен и ги разбира позициите на Владата со оглед на сите кризи и затоа ќе ги искористат, како што рече, сите можни синдикални средства за разговори и преговори за остварување на работничките права што се донесени со акти кои не се почитуваат.

Од пораките што ќе ги добијат од  членството и од исходот на претстојната седница на Економско-социјалниот совет ќе решаваат за идните активности.

-Револтот во членството е огромен, особено во градинките и во основното и средното образование, во ученичките односно студентските домови, а секако и високото образование очекува да се вклопи во пресметките за усогласување на платите. СОНК е конструктивен синдикат, остануваме доследни докрај се додека не се исцрпат сите расположливи синдикални средства ќе се обидуваме да најдеме заеднички јазик со надлежните. Владата како најголем работодавец во државата не ги почитува законите и колективните договори, но тоа не треба да нѐ обесхрабри да престанеме  да бараме излезно решение за зголемување на платите односно нивно усогласување во овие дејности, рече Неделков.

Доколку преговорите останат без договор, веројатно ќе биде преземена, како што рече, една од двете порадикални синдикални средства – масовен јавен протест или генерален штрајк.

-Може да се најде и алтернативно решение за синдикалните активности, но за тоа ќе имаме информации по сабота. Доколку преговорите не бидат успешни, тогаш во најбрз можен рок СОНК ќе излезе со соопштение и ќе ги кажеме нашите следни чекори. Ова не е тенденциозно и не е од сега, но е прелевање на чашата и дуење на балонот кој не може да издржи и ќе пукне. Ние нудиме системски решенија за надминување на овој проблем. Точно е дека се работи за поголема сума на средства за да се усогласат платите, но ако има расположение од двете страни, оваа ситуација сигурно ќе се надмине. Најисправно е да се донесе решение за целиот јавен сектор, а не селективно да се гасат пожарчиња во една, друга или трета дејност. Проблемот е сериозен и не треба да се става под тепих зашто кога и да е – ќе ескалира, истакна Неделков.

СОНК не ја знае точната сума што е потребна за усогласување на платите во образованието, но, рече, таа е „нешто повеќе од потрошените средства за набавка на автомобили минатата година“.

Неделков соопшти и дека Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), каде што членува и СОНК, исто така на седница на Извршниот одбор во вторник ќе донесува одлука за следните чекори за јавниот сектор.

На прашање зошто СОНК не е на иста линија со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Неделков одговори дека ССМ не бил заинтересиран за усогласување.

-Ние се радуваме на зголемување на минималната плата, но и на секој работник во државата, без оглед кој каде работи треба, без исклучок, соодветно да му се зголеми платата. ССМ ја искористи позицијата единствен репрезентативен синдикат на национално ниво, што е под огромен прашалник дали е така, и блискоста со владејачките партии и сега одат по претпријатија каде што се договараат за скалесто зголемување на платите. Тоа се манипулации со јавноста и членството… Ако Владата нема интерес да ги задоволи потребите на најголемиот дел вработени во јавната администрација, тоа е влада со два аршина, рече Неделков. Додаде дека ССМ има резултати во синдикалните активности и дека се добредојдени ако СОНК организира протест.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе