Space Perspective ќе организира венчавки во вселената

Коосновачот на компанијата Space Perspective, Џејн Појнтер, сака да биде првата што ќе понуди вселенски венчавки.

Зборувајќи за The Cool Down за време на викендот, Појнтер рече дека веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а церемониите ќе се изведуваат на вселенскиот брод Neptune.

„Има парови што сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа“, рече Појнтер.

Вселенскиот брод Neptune е развиен за да биде пристапен, одржлив и безбеден на или над планетата Земја. Се состои од SpaceBalloon, Reserve Decent System и Neptune Capsule.

За разлика од другите вселенски летала каде дел од екипажот се одвојува од еден систем за време на летот и се префрла на друг систем за летање, капсулата на вселенскиот брод Neptune останува поврзана со SpaceBalloon во текот на целиот лет, од полетување до слетување, со што нуди безбеден и удобен лет.

Компанијата има одговор и на прашањето за одржливо работење.

„Вселенскиот брод Neptune патува во вселената користејќи го нашиот SpaceBalloon, кој користи обновлив водород, без ракети и придружниот јаглероден отпечаток. Наместо да полетаме со експлозија, ние полека се креваме со 19 километри на час, така што искуството е достапно за секој што е здрав и способен за летање со комерцијални авиони. Нашиот балон е докажана технологија која со децении ја користи од нашиот тим со НАСА и други владини агенции за подигнување на истражувачки телескопи и други тешки чувствителни инструменти“, велат од компанијата.

Neptune има својот примарен систем за летање и е опремен со помошен систем за слетување составен од четири падобрани сместени помеѓу капсулата и SpaceBalloon. Падобраните можат, доколку е потребно, за секунда неприметно да ја преземат контролата од примарните системи, со што се гарантира безбедно слетување. Ваквите падобрани се користат со децении и се 100% успешни.

Remote video URL

Компанијата Space Perspective сака вселенското патување да го овозможи за што повеќе луѓе.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе