Tom's Racing и јапонското списание Safari се здружија и дизајнираа специјална Toyota GR Supra за да му оддадат почит на починатиот актер Пол Вокер.
Вокер беше голем обожавател на А80 Supra и поседуваше неколку примероци, вклучувајќи и бел автомобил. Имајќи го тоа на ум, Tom's Racing и магазинот Safari во мат бела боја го обоија A90 Supra.
Спортскиот автомобил доби препознатлив заден спојлер инспириран од оној што го има A80 Supra. Комплет легендарни бандажи од 20 инчи BBS LM, исто така, ја краси специјалната Supra, исто како што беше случајот со белата Supra, управувана од Брајан О'Конор (Пол Вокер) во последните сцени на „Furious 7“. Токму овој автомобил беше во сопственост на Вокер и беше опремен со бандажи BBS LM.
Supra на Tom's Racing претрпе одредени модификации, а моќноста на 3-литарскиот 6-цилиндричен мотор е зголемена на 420 КС со помош на Power Box. Исто така, автомобилот сега има прилагодлива KW V3 суспензија.
Јапонскиот тјунер, исто така, направи некои промени во внатрешноста, но фотографија од тие промени сѐ уште не е објавена.
Tom's Racing има намера да произведе само три копии од специјалната Supra, од кои секоја ќе чини околу 116.800 долари. Апликациите се прифаќаат до 31 октомври годинава, а купувачите ќе се одредат по пат на лотарија.
Вокер, кој го глумеше ликот на Брајан О'Конор во франшизата „The Fast Saga“, загина во ноември 2013 година додека учествуваше на трка за добротворни цели.