Според редоследот на раѓање до идеалниот партнер

Според психолозите, редоследот на раѓање многу влијае на нашиот начин на однесување, како и на идните односи и пристапот до нив.

Психологот Кевин Леман го проучувал квалитетот на врската помеѓу 236 деловни директори и нивните партнери во зависност од редоследот на раѓање, открива Business Insider. Дошол до интересно откритие кое на многумина може да им послужи како ориентација како ќе изгледа нивната врска и колку ќе биде успешна.

Ако сте првородени:

Најлошата двојка за вас е: исто така првородена - ќе има многу борби за моќ бидејќи сте навикнати секогаш да бидете во право и сè да биде по ваша мерка. Во основа, сите несогласувања на овој пар се околу борбата за контрола и моќ во таа врска. Лекот е во прекинот на критиките и упорните обиди да се поправате еден со друг. Дефинирајте ги вашите улоги во домот прецизно така што и двајцата ќе бидете еднакви во куќата.

Вашиот најдобар пар е: најмалото дете - овие бракови се меѓу најуспешните. Најдобар можен пар е кога ќе се здружат првородената жена и мажот кој бил најмало дете во семејството затоа што совршено се надополнуваат.

Ако сте средно дете:

Вашиот најдобар партнер е: најмалото дете. Средното дете најчесто не се чувствувало загрозено од најмладото, па затоа е најлесниот начин да се комуницира со него. Тие се многу попустливи и кога е во прашање излегувањето, што е важно за најмалото дете - да има своја слобода и многу да се дружи. Во тој пар, важно е помалото дете да не ја искористува љубезноста на средното дете, па така и се создаде одличен пар.

Најлошиот партнер е: исто средно дете - средните деца по правило слабо комуницираат, а кога ќе се спојат двајца такви тогаш таа ситуација се множи. И двајцата молчат и наместо да разговараат, тие емоции ги задржуваат и ги собираат.

Средните деца остануваат најдолго во брак бидејќи научиле како да прават компромиси и да преговараат со браќата и сестрите.

Ако сте најмалото дете:

Вашиот најдобар партнер е: првороденото. Најстарото дете ќе го подучува најмладото на организација, а најмалото ќе внесе опуштена атмосфера во таа врска и ќе ги потсети најстарите дека не треба сѐ да сфаќаат толку сериозно.

Најлошиот пар е: исто најмалото дете. Две најмали деца во врска ќе направат хаос. Обично лоши се справуваат со финансиите, а се и лошо организирани, па двајца на едно место сигурно ќе имаат потешкотии. Доколку строго не се договорат кој што ќе прави, може да имаат проблеми во врската. Исто така, најмалите деца често знаат да ја префрлат вината на друг и не преземаат одговорност, па тоа може да им биде голем проблем. Леман сугерира дека најважното нешто за овој пар е да не се манипулира еден со друг.

Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Љубов и секс

Гестови со кои ја покажувате љубовта за партнерот: Ја одржуваат вашата врска силна

Read more

Африкански остров ја носи титулата најдобра дестинација за меден месец

Read more

Семеен советник споделува четири однесувања кои ги откриваат нарцисите

Read more

Кога жените созреваат емотивно, а кога мажите? Разликата е дури 11 години

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе