Стариот познаник Тунис прв противник на Македонија на СП

Македонската ракометна репрезентација, денеска ќе го одигра првиот натпревар на 25-то Светско првенство. Подмладената репрезентација на Лино Червар во првото коло за противник го има Тунис.

Со седум дебитанти, полни со ентузијазам и во позитивна атмосфера македонските репрезентативци го очекуваат првиот меч на 25-от ракометен Мундијал. Сите во таборот на националниот тим посакуваат реприза на дуелот на овие две репрезентации од пред две години на СП во Катар, кога Македонија со убедлива игра славеше 33:28.

Од друга страна никој не сака да размислува за последното соочување кое Македонија и Тунис го имаа пред девет месеци, кога Тунижаните победија (32:26) и ја спречија нашата селекција да се пласира на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Мечот во Гдањск сѐ уште е во свежо сеќавање, поради што селекторот повикува на допопнителна претпазливост, бара од своите ракометари да не помислуваат на зборот одмазда, бидејќи како што рече „тоа може да делува контрапродуктивно“.

Репрезентативците посочуваат дека играта на Тунис (деветкратен африкански шампион и учесник на 13 светски првенства) е добро анализирана и дека ќе се обидат да ги искористат сите слабости во нивната игра, а во одбраната главната задача ќе биде да се спречи левиот бек, соиграчот на Кире Лазаров, Жалуз, но и крилата Бугамни и Хосни.

Натпреварот Македонија-Тунис се игра во Мец, во рамките на Б група, а започнува во 17:45 часот. Денеска од Б групата ќе се одиграат и натпреварите Словенија-Ангола (14 часот), односно Шпанија-Исланд (20:45 часот).

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе