„Стела“ за старт, „ХОМО“ за финиш на Синедејс 2020

Александра Спасеска
/ 14.09.2020 / 15:37

Фестивалот на европски филм Синедејс (Cinedays) оваа година ќе се одржи во „летен термин“, од 18 до 24 септември, поради новонастанатата ситуација со пандемијата на COVID-19.

За првпат по многу години, програмата ја отвораат и затвораат премиери на македонски филмови – „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс 2020, а „ХОМО“ на Игор Иванов-Изи ќе го заокружи годинашното издание на фестивалот.

На денешната прес-конференција што се одржа пред Младинскиот културен центар (МКЦ) организаторите нагласија дека и во вакви, несекојдневни услови, МКЦ во изминатите три месеци успеа да одржи 113 настани и во помалку од еден месец да го подготви раното издание на Синедејс.

Фото: КАЈГАНА

Организаторите добија „ветер во едра“ од поддржувачите на фестивалот и во релативно кратко време ја составија програмата од над 40 филмови, сѐ со цел да се одржи континуитетот на киноприкажување во онаа форма „како што му личи на киното – со платно и пред публика“, рече директорот на МКЦ Русе Арсов.

Под слоганот „Филм на секое платно“, фестивалот ќе се одржи на девет локации на отворено низ Скопје, со главна и поп-ап програма: Градски парк, МКЦ парк, парк Ибни Пајко, Кино Влае, Парк Кисела Вода, Кино Напредок, Кино Маџари, Дом на градежници „Кочо Рацин“ и кровот на ГТЦ.

Годинешната програма на Синедејс е во селекција на Бернд Будер, а жирито во состав Лабина Митевска, Благој Веселинов и Кнут Естерман оваа година ќе додели само две награди – Најдобар филм во главна конкуренција и Најдобар филм во SEE програмата.

„Тимот на МКЦ ова лето насобра искуство од организирање на многу настани под отворено небо. И во период кога големите фестивали ги откажаа своите физички изданија и преминаа онлајн, ние сепак решивме да истуркаме опиплив фестивал, за да ја продолжиме убавата пракса. На публиката ѝ недостасува присутност на вакви случувања, а нам ни недостасуваат тие“, истакна Маргарита Арсова, програмски координатор на Синедејс.

„Несреќно наметнатите околности, предизвикани од пандемијата со Корона-вирусот, ни донесоа по малку среќна можност, да го „извадиме“ големото платно под отворено небо. Во ова време на неизвесност и несигурност, ќе се обидеме да понудиме чувство на сигурност, благосостојба и уживање во филмската уметност на секој посетител на CINEDAYS, строго почитувајќи ги протоколарните мерки за одвивање на настан од ваков тип“, рече Филип Николовски, директор на програма на МКЦ, на денешната прес-конференција.

Фото: КАЈГАНА

Во програмата ќе ги погледнеме најновите остварувања на Озон, Пуиу, Винтенберг, Срѓан Голубовиќ, а таа нуди и доста македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во неколку нови и веќе познати програмски целини: Официјална селекција, Гала програма, Музички документарци, МК во ЕУ, МК премиери, SEE програма, ФДУ ретро, Детска програма, музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот – cinEmusic и др.

Во рамки на овогодишното издание за прв пат имаме POP-UP КИНО, кое ќе ги оживее најавените локации.

„Секое време носи свои навики и начин на социјализација, од маалски игри, телевизор во двор кај комшиите, фудбал на мали голчиња, комодоре 64, до лаптоп и мобилен екран за секое дете. Во целиот овој технолошки напредок и промена на начинот на комуникација, едно е сосема сигурно, Скопје било и ќе биде едно големо кино. Локациската „реставрација“ на местата каде што во минатото постоеле киносали и проекцијата на филмови на овие позиции, ќе се обиде да даде омаж на културата на еден град. Култура на која ѝ го изгубивме континуитетот, бавејќи се со трупање градби што требаше да покажат колку култура сме имале некогаш“, рече Николовски.

Во рамки на POP-UP КИНО ќе погледнеме синхронизирани детски филмови на локацијата на киното во Кисела Вода, потоа најдоброто од CINEDAYS од изминатите години во ретро-програмата, потоа во соработка со ФДУ ќе погледнеме студентски и дипломски филмови на режисерите од поновата генерација како Вардан Тозија, Тамара Котевска, Даријан Пејовски и Атанас Георгиев.

За прв пат по долги години отворањето и затворањето на фестивалот е со македонски премиери.

Екипата на „Стела“ (Фото: КАЈГАНА)

Отворањето на фестивалот е со светската премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ, во продукција на Дрим фактори. Приказната за шарпланинката Стела, Никола и неговиот дедо е приказна за вистинските семејни вредности, истакнува продуцентот Огнен Антов, надополнувајќи дека „Филмот ‘Стела’ е  првата домашна еко или зелена продукција. Бевме водени од најновите светски еколошки стандарди, да го намалиме производството на отпад на минимум, да ја намалиме емисијата на штетни гасови, да го рециклираме отпадот и сл. Инаку снимањето на филмот се oдвиваше во Скопје, а потоа продолжи во живописниот Галичник и на падините на планината Бистра, а заврши во Штутгарт – Германија“.

Куриозитет на ова издаиние е и фактот дека актерот Дејан Лилиќ игра и во филмот што го отвора и во филмот што го затвора Синедејс 2020.

Затворањето на фестивалот е со македонската премиера на „ХОМО” на Игор Иванов - Изи.

Ова издание на CINEDAYS ќе донесе и скопска премиера на филмот „ТМ“ на Ивица Димитријевиќ, кој е единствен долгометражен филм во македонската кинематографија снимен со 0 денари буџет.

Во познатата селекција МК во ЕУ, во која прикажуваме филмови со малцинско македонско учество како копродукција ќе ги прикажеме филмовите на Виктор Чучков „18% сиво“ во продукција на Сектор филм и „Моето езеро“ на Ѓерѓ Џувани во продукција на Фокус Покус.

Специјалната музичка програма – cinEmusic се отвора на 18.09. (петок) со настап на бендот „Љубојна“, кои ќе се претстават со музика работена за филмот „Стела“. Следниот ден во паркот на МКЦ ќе настапат младите Зулу 3.4 - инструментален бенд од Скопје, формиран во март 2018 година. Членови на бендот се музички уметници во сферата на џез-музиката, чија цел е преку фузија на различни стилови да создадат уникатен звук и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Фото: КАЈГАНА

За затворање на фестивалот ќе настапи ЗЏМ Колективот и овој пат ќе биде придружуван од страна на гудачки оркестар, кој е составен од музичари на Националната опера и балет и од Симфонискиот оркестар на Филхармонија.  Со нив ќе раководи мултиинструменталистот и диригент Џијан Емин, а на програмата ќе бидат изведени композиции создадени и аранжирани од страна на македонски џез-композитори, членови на ЗЏМ. Публиката ќе има можност да присуствува на исклучителен музички настан, кој преку свежината на новите композиции и виртуелната изведба на музичарите ќе овозможи уживање во еден навистина квалитетен македонски музички производ.

Билетите за овогодишното издание на CINEDAYS ќе бидат по цена од 100 денари, за сите филмови, освен за филмовите од POP-UP КИНО.

За програмата во Градскиот парк, паркот Ибни Пајко и МКЦ парк, билетите по цена од 100 денари може да купат онлајн, преку bileti.mkc.mk и организаторите нагласија дека препорачуваат онлајн-продажба. Билети ќе има и на самиот влез на овие локации.

За филмовите од POP-UP КИНО бесплатни билети може да се набават само онлајн (bileti.mkc.mk).

Влезот за музичката програма е бесплатен, освен концертот на ЗЏМ Колектив и гудачки оркестар за кој може да се набават билети по цена од 200 денари.

Поради ситуацијата со COVID-19, бројот на билети е редуциран.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Агенција за филм на РСМ и Град Скопје.

Во случај на временски непогоди кои би го оневозможиле одржувањето на фестивалот на отворено, организаторите имаат резервни локации и препорачуваат да ги следите објавите на социјалните мрежи за ажурирани информации. Во соработка со ЈСП Скопје, посетителите на фестивалот кои ќе приложат резервирана, односно купена карта за проекциите по 19 часот ќе може да се возат бесплатно до локацијата на проекцијата за тој филм.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе