Студија: Квалитетот на спермата намален по боледување од ковид

Квалитетот на спермата кај некои мажи бил нарушен дури и неколку месеци по прележувањето COVID-19, покажа неодамнешното истражување на белгиски научници.

Нивното истражување покажа дека сперматозоидите сами по себе не се заразни, но во група од 35 мажи кои дадоа примероци за анализа во рок од еден месец по закрепнувањето од симптоматска инфекција со коронавирус, намалена подвижност на спермата е забележана кај 60 проценти и помалку сперматозоиди кај 37 проценти од испитаниците.

Според податоците објавени во понеделникот во стручното списание Fertility and Sterility, примероци од сперма се добиени од 120 Белгијци на просечна возраст од 35 години, во просек 52 дена по закрепнувањето од COVID-19.

Кај 51 испитаник тестиран помеѓу еден и два месеци по закрепнувањето од ковид, 37 отсто имале намалена подвижност на сперматозоидите, а 29 отсто имале помал број на сперматозоиди.

Кај 34 испитаници кои дале примерок од сперма најмалку два месеци по закрепнувањето од ковид, подвижноста на спермата била нарушена кај 28 отсто од нив, а помал број на сперматозоиди бил забележан кај 6 отсто од нив.

Тежината на болеста, или инфекцијата со COVID-19, не е во корелација со карактеристиките на спермата, велат истражувачите.

„Паровите кои сакаат дете треба да се предупредат дека квалитетот на спермата по прележување COVID-19 кај повеќето не е оптимален. Проценетото време на закрепнување од болеста е 3 месеци, а во тек е дополнително истражување за да се потврди и утврди дали помал број мажи имаат трајни последици“, заклучија белгиските научници.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе