Студија: Создавањето на суперконтинент може да ја направи Земјата непогодна за живеење

Формирањето на суперконтинент на Земјата би можело да ги уништи луѓето и сите други цицачи кои сè уште ќе постојат за 250 милиони години, тврди нова научна студија.

Масовното изумирање првенствено би било предизвикано од топлински стрес како резултат на поголема вулканска активност што внесува двојно повеќе јаглерод диоксид во атмосферата од сегашните нивоа, постаро сонце кое емитува повеќе радијација и обемот на копнените пустини во тропските предели.

Се очекува суперконтинентот Пангеја Ултима (наречен уште и Неопангеја, Пангеја Проксима и Пангеја II) да се обликува кога сите сегашни континенти ќе се спојат заедно во далечната иднина. Трудот, објавен во понеделникот во списанието Nature Geoscience, е првиот обид да се моделира колку екстремна може да стане климата поради тоа геолошко преуредување.

Користејќи го климатскиот модел UK Met Office и суперкомпјутерот на Универзитетот во Бристол, симулацијата исто така обезбеди тектонски индиции за минатите настани на истребување и податоци кои би можеле да бидат корисни за астрономите кои бараат други планети погодни за живот.

Во ерата на Пангеја Ултима, температурните екстреми се очекуваат да бидат драматични, со повеќе влага отколку сега долж бреговите и екстремно суви услови во огромните копнени пустини. Во овој свет, глобалните температури би можеле да се зголемат за 15 степени (и до 30 Целзиусови степени на копно) над прединдустриските нивоа, враќајќи го светот на екстремната топлина што последен пат ја доживеа во Пермско-Тријаскиот период, пред 260 милиони години, кога повеќе од 90% од видовите биле искоренети. Продолжените периоди на топлина над 40 степени би биле над нивоата на толеранција на многу форми на живот.

Цицачите се најголемата еволутивна успешна приказна во светот, особено по смртта на диносаурусите за време на последното големо истребување, но способноста на цицачите да се прилагодат на топлината можеби е премногу бавна. Ова ги вклучува луѓето кои на Земјата се релативно кратко време.

Хоминидите се појавиле пред околу 6 милиони години кога светот бил многу поладен отколку во времето на диносаурусите. Иако нашиот вид еволуираше неверојатно брзо, ќе се соочиме со огромни предизвици во ерата на Пангеја Ултима, под претпоставка дека ќе ја преживееме тековната климатска криза, предизвикана од самите себе, и масовното истребување на другите видови.

Освен директните ефекти од горештините, сериозни проблеми со снабдувањето со храна би имало и поради распаѓањето на вегетацијата. Во трудот се наведува дека повеќето растенија добиваат стрес на температури повисоки од 40 степени и дека целосно се расипуваат доколку подолго време се изложени на 60 степени.

Главниот автор на трудот, Александер Фарнсворт од Универзитетот во Бристол, рече дека можноста за уште едно истребување, вклучително и на луѓето, е отрезнувачки потсетник за минливоста.

„Земјата има многу променлива средина. Луѓето се многу задоволни со она што го имаме сега и не треба да ја туркаме сопствената клима подалеку од постудената клима низ која еволуиравме. Ние сме доминантниот вид, но Земјата и нејзината клима одлучуваат колку долго ќе трае тоа. Она што следува е нечија претпоставка. Доминантниот вид би можел да биде нешто сосема ново“, рече тој.

Авторите признаваат дека нивните предвидувања имаат високо ниво на несигурност поради ултра долготрајната временска рамка, но се надеваат дека студијата, започната за време на пандемијата, ќе обезбеди корисни сознанија за минатите настани на масовно истребување и можната населливост на други планети.

Досега, кога астрономите ги скенираа далечните галаксии за планети кои би можеле да обезбедат алтернативен дом за луѓето, тие главно размислуваа за растојанието од најблиското сонце и присуството на вода. Една нова студија покажува дека тектониката е исто така важен фактор за одредување на климата на планетата.

„Ако НАСА би можела да испрати вселенски шатл на само една планета, тогаш би избрал една која нема суперконтинент. Подобро е да има неколку континенти расфрлани наоколу, како што е сега случајот на Земјата“, вели научникот.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Вести

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Read more

На почетокот биле сиви: Зошто модерните мачки имаат разнобојни очи?

Read more

Се очекува раст на продажбата на персонални компјутери во 2024 година

Read more

Копал компири како казна и нашол древно египетско богатство

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе