The Sun: Англиски фудбалски репрезентативец фатен како шмрка кокаин

Лондон, 4 јануари 2019 (МИА) – Англиски репрезентативец влегува во тоалетот на ноќен клуб, внимателно прави бела линија од висококвалитетен кокаин, по што почнуа да шмрка. На шокантната глетка е сведок соиграч од „гордиот албион“, кој ја раскажува приказната за британскиот таблоид The Sun.

Изданието ја задржува анонимноста на својот извор, но од редакцијата велат дека го знаат името на корисникот на кокаинот. Тој е репрезентативец на Англија, што едвај ќе му се допадне на менаџерот, Герет Саутгејт.

„Откако излезе од тоалетот, беше целосно збркан и не престануваше да зборува глупости. Освен издригиран, тој беше и пијан. Менаџерот беше бесен. Тој го избрка, мислејќи дека само е пијан, но потоа ја дозна вистината. Тоа не ни помогна, бидејќи во текот на целота сезона имавме проблеми во соблекувалната“, раскажува изворот на The Sun.

Срамната епизода веројатно се одиграла на 26 декември, на ден по Божиќ.

„Се собравме со момчињата и тренерот – да испиеме по едно по натпреварот и да се опуштиме малку. Еден од нашите колеги го виде како влегува во тоалетот и шмрка неколку линии кокаин. Овој играч знаеше дека нема да биде посетен од допинг полицајците во следните неколку дена, бидејќи истиот ден утрото дал тест за забранети стимуланси. Целата оваа приказна доаѓа во најлош можен момент. На теренот резултатите ни се подобрија многу. Но предметниот случај може да не врати во првобитната позиција“, вели сведокот.

Ако биде фатен дека користел кокаин, фудбалерот може да „изгори“ за две години, ако ова е негов прв прекршок. Наркотикот остава траги во крвта на лицето во рок од 48 часа. Во урината, пак, може да се открие 96 часа по употребата.

Според правилата на Премиер Лигата, играчите можат да се тестираат за наркотици во секое време, вклучително и кога се дома.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе